Македонија
Поради линчот и тортурата, здравјето на Боки 13 му е во алармантна состојба, а живот загрозен, кому му одговара да умре?, прашува правниот тим
Со нов извештај од лекарски преглед правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека алармантно му е влошена здравствената состојба. Тие преку соопштение за јавноста прашуваат и кому му одговара влошеното здравје да резултира со смртни последици. Потенцираат дека Јовановски-Боки 13 не е третиран според насоките на докторите во затворот „Идризово“. Според правниот тим, предлогот е Боки 13 да биде опериран и да му се извади желудникот. Извештајот на Јовановски од направена гастроскопија е од државната клиника „Мајка Тереза“.
„На осудениот Бојан Јовановски, со прекар Боки 13, му беше направена горнодигестивна ендоскопија, гастроскопија, при која инвестигација, со предлог за оперативен третман – тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување витален орган желудник, бидејќи врз пациентот терапевтскиот третман не е спроведуван, ниту реализиран, односно со ова медицинско иследување и наод се потврдува фактот дека осудениот Бојан Јовановски нема услови и можност да се лекува и да се третира во пенални затворски услови. Наодот од извршената гастроскопија е рефериран и одобрен од стручниот колегиум на УК за ГЕХ Скопје. Животот на осудениот Бојан Јовановски е ставен во ризик бидејќи извесно е во секој момент да настане компликација, која ќе биде фатална за неговиот живот, па наместо законита постапка, имаме состојба на хазардерско постапување од страна на надлежните органи, а како влог е ставен животот на осудениот Бојан Јовановски!“, велат од правниот тим.
Тие потсетуваат дека Кривичниот суд четири месеци нема правосилна одлука за прекинот на издржување на казната поради влошеното здравје.
„Постапка по својот карактер е итна, а истовремено судот не презема никакви дејства и не одлучува по жалбената постапка, ниту во разумен рок иако до судот навремено се доставени сите овие медицински докази и од страна на одбраната се преземени сите расположливи средства предвидени со закон, но, за жал, негативната тенденција и тортура кон осудениот Боја Јовановски е поголема од сите реални факти и законски основи за уважување на барањето за прекин на издржување на казната затвор. Воедно, ја информираме јавноста дека на 1.2.2023 година поднесено е барање за прекин и до директорот на Управата за извршување на санкциите, кој е суверен во својата одлука и не е врзан со одлуката на судот, но и од овој орган сè уште нема одлука!“, додаваат од правниот тим.
Потсетуваат дека состојбата на Јовановски за која тврдат дека е од животозагрозувачки карактер е потврдена со безброј медицински докази.
„Ги информираме општата и стручната јавност дека оваа агонија и тиранија кон осудениот Бојан Јовановски трае повеќе од седум месеци и дека во текот на двете последователни постапки за прекин кон судот и кон двете постапки за прекин кон Управата за извршување на санкциите, од страна на одбраната се поднесени безброј писмени поднесоци, темелени врз основа на цврсти медицински докази, кои укажуваат на сериозноста и животозагрозувачкиот карактер на болеста на осудениот Бојан Јовановски, кој, дефинитивно, е предмет на нечовечно однесување, тој се третира како експериментален предмет, а не како човек, врз осудениот Бојан Јовановски веќе несомнено се спроведува тортура од највисок степен и му се нарушуваат сите загарантирани човекови права во согласност со Уставот и во согласност со Европската конвенција за заштита на човекови права“, додаваат тие.
Според нив, ваквото третирање на затвореникот е изживување врз него.
„Вакво институционално постапување и директно изживување од позиција на моќ е незапаметено во поновата историја дотолку повеќе што однапред предупредувавме во барањата за прекин дека доколку осудениот Бојан Јовановски не се лекува и третира во согласност со специјалистичките извештаи и конзилијарните мислења на десетици специјалисти и супспецијалисти, ќе дојде до оваа крајна и непосакувана последица, а тоа е операција со висок ризик на смртност и настанување траен инвалидитет кај Бојан Јовановски. По сето ова, веруваме, но не сме убедени, дека за Бојан Јовановски еднакво важи загарантираното уставно начело на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет како и за сите други граѓани во РС Македонија“, се вели во соопштението.
Тие и јавно упатија прашања.
„Оттука, јавно прашуваме кому му одговара да настанат смртоносни последици врз животот на осудениот Бојан Јовановски? Дали системот свесно, организирано и координирано, секојдневно и стихијно го убива Бојан Јовановски? Кој ќе понесе одговорност за веќе настанатите последици за здравјето и животот на Бојан Јовановски? Осудениот Бојан Јовановски беше осуден и пред да биде осуден со пресуда на сомнително правен начин, но тоа е тема за друго идно време, а на оваа тортура мора да се стави крај! Знаеме и свесни сме од каде доаѓаат наредбите за ова изживување кон Бојан Јовановски, но по словото на законот и легалитетот, ќе се бориме со сите законски средства до крајна линија на секој расположлив начин со наредбодавците и извршителите на оваа системска тортура и линч!“, се додава во соопштението.
Правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 вели дека нема да се откаже од намерата правдата да излезе на виделина.
„Порачуваме дека не се откажуваме од намерата за правдата да добие светлост на денот и дека не се плашиме од директните и индиректните закани од причини што, бранејќи ги правата на осудениот Бојан Јовановски, ја браниме законитоста, а преку тоа ја браниме и правната стабилност, која е сериозно разнишана преку вакви негативни примери. И, секако, важно за напомена е дека барањето за прекин на издржување на казната затвор претставува институт од привремен карактер, а не ослободување од изречената санкција!“, се вели во соопштението од правниот тим.
- Документи испратени од правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13
- Документи испратени од правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13
- Документи испратени од правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13
- Документи испратени од правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13
- Документи испратени од правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДОМ: Дислокација на цементарницата Усје преку јавно-приватно партнерство
Зелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен урбан трансфер“ како стратешко решение за дислокација на цементарницата, без никакви трошоци за државниот буџет, се наведува во соопштението на партијата.
Според ДОМ, досегашните тврдења дека дислокацијата на цементарницата е „невозможна мисија“ се резултат на застарени економски пристапи. Партијата посочува дека во светот веќе со години се применуваат модели со кои тешките индустриски зони се трансформираат во нови, еколошки урбани четврти, без директно оптоварување на државните финансии.
Клучот на предложениот модел е принципот „вредност на земјиштето наместо државен буџет“. Наместо државата да ја финансира дислокацијата, се предлага пренамена на земјиштето на Усје од индустриска зона (Г) во станбено-деловна зона (А и Б). Со ваквата одлука, вредноста на парцелата значително се зголемува, а инвеститорот, односно сопственикот, добива можност да развие модерен „Smart City“ комплекс. Приходите од продажбата на недвижностите, според ДОМ, би се користеле за изградба на нова, целосно еколошка фабрика на соодветна, подалечна локација.
Бидејќи процесот на дислокација може да трае од пет до седум години, од ДОМ бараат Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање веднаш да воведат преоден режим во А-интегрираната дозвола, со најстроги еколошки стандарди. Меѓу барањата се итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички PM10 и PM2.5, како и системи за десулфуризација и денитрификација за намалување на емисиите на сулфур диоксид и азотни оксиди.
Партијата предлага и задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен и вреќасти филтри, со цел целосна неутрализација на диоксините и фураните, нагласувајќи дека на тој начин ќе се спречи испуштање канцерогени материи во воздухот за време на транзицискиот период. Дополнително, ДОМ бара 24-часовен јавен дигитален мониторинг, при што податоците од оџаците би се емитувале во живо на веб-страницата на Министерството и на јавни екрани во општина Кисела Вода.
Во соопштението се осврнуваат и на решавањето на еколошкиот товар од ОХИС и Пеленица, при што се предлага чистењето на линданот да се финансира преку меѓународни развојни грантови и концесиски модели. Според ДОМ, приватен партнер би можел да добие право на стопанисување со исчистениот простор, во замена за целосна ремедијација на почвата.
Од партијата порачуваат дека Скопје заслужува чист воздух, а индустријата треба да се развива надвор од градското јадро. Со моделот „Зелен урбан трансфер“, како што наведуваат, сопственикот на „Усје“ добива нов капитал, а граѓаните – подобри услови за живот. Истовремено, преку новиот Генерален урбанистички план, градот би го насочил своето стратешко ширење кон нова, еколошки уредена четврт, додека би се намалил притисокот од прекумерна урбанизација и бетонизација во веќе преоптоварените централни и западни делови на Скопје.
Македонија
Тошковски денеска на Пониква ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители кои традиционално во овој период престојуваат во зимското одморалиште на МВР на Пониква.
-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината, посочува Тошковски во објавата на својот Фејсбук профил.

Министерот нагласува дека жртвата на загинатите бранители не смее и нема да биде заборавена.
-Таа за нас претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме, вели Тошковски.
Македонија
Минималната плата не го покрива ни основното преживување, велат од СДСМ
Од СДСМ порачаа дека платите на работниците мора да се зголемат веднаш, а не по најави и проекции за две или четири години, оценувајќи дека актуелната економска политика не одговара на реалните животни трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.
„На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека животниот стандард е сериозно загрозен, а минималната плата не обезбедува основна егзистенција.
Од партијата реагираат и на изјавите и настапите на премиерот Христијан Мицкоски, прашувајќи дали тој чекал две години кога купувал часовници во вредност од 65.000 евра, додека работниците се принудени да преживуваат со примања што не ги покриваат ниту основните трошоци.
Според последните податоци, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што, како што посочуваат од СДСМ, значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби. Со сегашното ниво од околу 400 евра, минималната плата, според опозицијата, не обезбедува заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците во едно просечно домаќинство.
„Работниците буквално се борат за парче леб и не можат да чекаат до 2028 година“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Македонија денес има најниска минимална плата не само во регионот, туку и во Европа.
Во реакцијата се споредуваат и состојбите во соседството. Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Србија со владина одлука е зголемена на 500 евра, додека во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.
СДСМ предупредува дека последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила. Според партијата, ваквите политики водат кон дополнително намалување на вредноста на трудот, доколку тоа, како што наведуваат, не е и свесна цел на актуелната власт.






