Спорт
Македонија против Португалија во квалификациите за Евро 2024

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва ќе ја пречека Португалија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Двете репрезентации забележаа убедливи победи во првите две кола, над Луксембург и Турција. Овој и натпреварот за три дена во Португалија ќе го одреди победникот во квалификациската Група 1.
Од повиканите за овој натпревар, селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на Филип Талески, искусниот Жарко Пешевски и Марио Танкоски.
Натпреварот во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 19 часот, реваншот во Порто ќе се одигра на 12 март.
Фото/ macedoniahandball.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија на универзијадата во Полска успеа да освои три медали во карате

Македонската универзитетска карате репрезентација во финалните борби од последниот ден на Европската универзијада која се одржува во Варшава успеа да освои златен медал. Со тоа Македонија на ова елитно универзитетско европско натпреварување, освои вкупно три медали и оствари два високи пласмани на 5-то место.
Медалите ги освоија Ангела Мојсовска златен медал, сребрен медал Љупче Михаилов и еден бронзен медал Викторија Јовановска. Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг), се високо пласирани на петто место.
Ангела Мојсовска – Златен медал
Ангела Мојсовска успеа во финалната борба да ја победи противничката од Косово Мустафа Бехије со резултат 4-3 и го освои златниот медал во категоријата -68 кг. Ангела Мојсовска настапи за универзитетот (Св, Кирил и Методиј, таа е член на К.К Макпетрол – Скопје.
Љупче Михаилов вториот финалист не успеа да победи во борбата за златен медал и тој го освои сребрениот медал во категоријата -75 кг.
Медалистите ги имаа следните настапи:
-68 кг Ангела Мојсовска – Нина Лукенда (Хрватска) 8-4 Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ ( БиХ) 4-3 Ангела Мојсовска – Влере Керими (Косово) 3-1 Финале Ангела Мојсовска – Мустафа Бехије (Косово) 4-3 златен медал
-75 кг Љупче Михајлов – Аднан Карача (БиХ) 7-1 Љупче Михајлов – Кара Абдулјадир (Турција) 1-0 Љупче Михајлов – Дмитро Федотов (Украина) 4-0 Љупче Михајлов – Нико Шпарер (Швајцарија) 4-0 Финале Љупче Михајлов – Омер Фарук (Турција) 0-10 сребрен медал
Љупче Михаилов, сребрен медал
-61 кг Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3 Репасаж Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1 За бронза Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0 бронзен медал
Викторија Јовановска и селекторот Бошко Заборски
Спорт
Вирц откри зошто го избрал Ливерпул пред Баерн

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра.
За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на Баерн Минхен. Долго време се шпекулираше дека тлентираниот играч од редот за врска кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот германски клуб.
„Исто како пред пет години, кога го напуштив Келн на 16 години и отидов во Леверкузен, барав место каде што најдобро ќе можам да ги развијам моите фудбалски вештини и каде што ќе можам да станам најуспешен играч“, рече Флоријан Вирц и додаде:
„Затоа го избрав Ливерпул. Сè уште не сум се покајал. Интензивно ги истражував двата клуба, не беше лесно да донесам одлука. Но, ја донесов со 100 проценти убедување и сум среќен поради тоа.“
Тој сакаше да ја промени земјата, бидејќи верува дека тоа е поголем предизвик, дека на тој начин ќе напредува побрзо и повеќе. И како играч и како личност.
„Голем чекор е да се оди во друга земја и да се соочиш со сите промени. Исто така, да се прифати нова улога во тим со различен стил. Дефинитивно би рекол дека е поголем предизвик, свесно го избрав за да станам подобар играч.“
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Милан се откажа од Бонифејс, тргна по наследникот на Ѓекереш

Фудбалскиот клуб Милан се откажа од трансферот на Виктор Бонифејс поради проблемите со повредата на Нигериецот. Бонифејс беше во Милано, се појави на медицинските прегледи, по што клубот реши да се откаже од напаѓачот. Откако им пропада обидот да го донесат Бонифејс, челниците на милан го катиираа „планот Б“, а тој се вика Конрад Хардер.
Хардер е 20-годишниот напаѓач на Спортинг Лисабон. Талентираниот Данец пристигна во главниот град на Португалија од Нордсјеланд пред помалку од една година, во трансфер вреден 19.000.000 евра.
Оттогаш, тој одигра 51 натпревар за португалскиот шампион, забележа 12 гола и седум асистенции. Физички и во однос на стилот на игра, тој наликува на Виктор Ѓекереш. Хардер беше проектиран за наследник на швеѓанецот кој се пресели во Арсенал.
Милан за трансферот на младиот Данец ќе треба да издвои 27.000.000 евра.