Европа
Украинска пратеничка: Сакаме Русија да стане изолирана како Северна Кореја
Украинската пратеничка Кира Рудик денеска за Скај њуз изјави дека се надева дека Русија ќе стане изолирана како Северна Кореја – „дека никој нема да сака да и помогне“.
"There are people that will help your enemies to kill you"
Ukrainian MP Kira Rudik responds to reports that Iran has sent ammunition to Russiahttps://t.co/X3flQUBL0r
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/WB5bXi3lhO
— Sky News (@SkyNews) March 9, 2023
„Кога станува збор за војната, има луѓе кои му помагаат на вашиот непријател, му помагаат на вашиот народ да умре и да уништи се што сте сакале. Од друга страна, има и такви кои ви помагаат да преживеете“, рече Рудик.
„Затоа сме преплашени. Ние сме многу лути и сакаме да се воведат санкции за сите оние кои ја поддржуваат Русија. Сакаме Русија да стане новата Северна Кореја – никој да не и помага“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.
„Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.
Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот
Европа
Италијанскиот остров го забрани доаѓањето на туристи поради недостиг на вода
Италијанскиот остров Капри денеска го забрани пристигнувањето на туристи поради недостиг на вода предизвикан од проблеми со снабдувањето од копното.
Градоначалникот на Капри, Паоло Фолко, ја прогласи забраната во седум часот наутро, поради што неколку фериботи веќе на пат кон островот мораа да се вратат назад.
Компанијата задолжена за снабдување на островот со вода објави дека има технички потешкотии во четвртокот, а иако подоцна објави дека ги решила, на Капри се уште му недостасува вода.
„Ситуацијата се влошува“
За време на објавувањето на забраната, Фалко предупреди на вонредна ситуација, велејќи дека иако во петокот имало малку вода на островот, акумулациите се празни.
„Ситуацијата се влошува со пристигнувањето на илјадници туристи секој ден во Капри“, рече тој.
„Забраната останува до понатамошно известување“
Жителите на тој остров во близина на Неапол имаат право на 25 литри вода за пиење по домаќинство, најави градоначалникот.
Забраната за пристигнување на туристи ќе остане на сила до понатамошно известување, додаде тој.
Капри, островот познат по своите бели вили, заливи и врвни хотели, има околу 13 илјади жители.
Европа
Барселона планира да забрани изнајмување станови на туристи
Барселона денеска објави дека до 2028 година ќе го забрани издавањето станови на туристи, со што сака да го спречи растот на трошоците за домување и да им овозможи на граѓаните да живеат во свој град.
Левичарскиот градоначалник на градот, Жауме Колбони, рече дека до ноември 2028 година, Барселона ќе ги одземе лиценците на 10.101 станови кои моментално се лиценцирани за краткорочно изнајмување.
„Се справуваме со она што го сметаме за најголем проблем на Барселона“, рече Колбони на настанот на градската влада.
Краткорочниот бум на изнајмување во Барселона, најпосетуваниот град во Шпанија, остави некои граѓани да не можат да си дозволат кирија откако кириите се зголемија за 68 отсто, а цените на недвижниот имот за 38 отсто во изминатите 10 години, рече тој. Пристапот до домување стана двигател на нееднаквоста, особено за младите луѓе, додаде тој.
Во последните десет години, локалните власти воведоа ограничувања за краткорочно изнајмување на Канарските Острови, Лисабон и Берлин.
Социјалистичката министерка за домување на Шпанија, Изабел Родригез, рече дека ја поддржува одлуката.
„Станува збор за правење сè што е потребно за да се гарантира пристап до прифатливи станови“, објави таа на Икс.
Airbnb, платформата за изнајмување станови, не одговори на барањето за коментар.
„Колбони прави грешка што ќе доведе до сиромаштија и невработеност“, соопшти асоцијацијата за изнајмување на туристички станови во Барселона АПАРТУР, додавајќи дека забраната ќе доведе до зголемување на нелегалните изнајмувања на станови.
Одлуката ќе биде од корист за хотелите. Екстремно левичарската партија која владееше со Барселона од 2015 до 2023 година забрани отворање на нови хотели во најпопуларните области во градот, но Колбони навести дека може да ги ублажи ограничувањата.
Од хотелската асоцијација на Барселона не сакаа да ја коментираат веста.
Тие 10.000 станови ќе ги користат граѓаните или ќе завршат на пазарот под кирија или продажба“, рече градоначалникот.
Локалните власти најавија строги инспекции кога забраната ќе стапи на сила.
Во последниве години во Барселона не беше дозволена регистрација на нови туристички апартмани. Од 2016 година локалната власт нареди затворање на 9.700 диви туристички станови и речиси 3.500 станови повторно ги користат граѓаните за домување.