Европа
Литванско разузнавање: Русија има доволно оружје за уште 2 години војна во Украина
Воената разузнавачка служба на Литванија денеска објави извештај во кој проценува дека Русија има доволно ресурси за уште две години војна во Украина.
„Русија акумулира оружје и воена опрема долго време, од годините на Студената војна. Проценуваме дека нејзините ресурси би можеле да траат уште две години и дека во тој период би можела да води војна со ист интензитет како денес, изјави за новинарите шефот на воената разузнавачка служба, Елегиус Паулавициус, пренесе АФП.
Тој додаде дека оваа проценка имплицира дека ниту една друга странска земја нема да обезбеди дополнителна воена помош за Русија,пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.
Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови.
Европа
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.
„Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.
Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот
Европа
Италијанскиот остров го забрани доаѓањето на туристи поради недостиг на вода
Италијанскиот остров Капри денеска го забрани пристигнувањето на туристи поради недостиг на вода предизвикан од проблеми со снабдувањето од копното.
Градоначалникот на Капри, Паоло Фолко, ја прогласи забраната во седум часот наутро, поради што неколку фериботи веќе на пат кон островот мораа да се вратат назад.
Компанијата задолжена за снабдување на островот со вода објави дека има технички потешкотии во четвртокот, а иако подоцна објави дека ги решила, на Капри се уште му недостасува вода.
„Ситуацијата се влошува“
За време на објавувањето на забраната, Фалко предупреди на вонредна ситуација, велејќи дека иако во петокот имало малку вода на островот, акумулациите се празни.
„Ситуацијата се влошува со пристигнувањето на илјадници туристи секој ден во Капри“, рече тој.
„Забраната останува до понатамошно известување“
Жителите на тој остров во близина на Неапол имаат право на 25 литри вода за пиење по домаќинство, најави градоначалникот.
Забраната за пристигнување на туристи ќе остане на сила до понатамошно известување, додаде тој.
Капри, островот познат по своите бели вили, заливи и врвни хотели, има околу 13 илјади жители.