Македонија
Ковачевски: Инициравме законски измени со кои ставивме крај на 15-годишниот проблем на пациентите со цистична фиброза
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција објасни дека со законските измени за набавка на лекови што се произведуваат од еден производител, односно кога станува збор за патентиран лек, се решава децениски проблем на пациентите со цистична фиброза и ретки болести.
Лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија.
„Денес, лекот ‘трикафта’ веќе го примаат некои од пациентите. Министерството за здравство и ФЗО во координација со мојот Кабинет одобрија 2,2 милиона евра за набавка на лекот ‘трикафта’. Со оглед на тоа дека доставувачот на лекот успеа да постигне пониска цена во однос на количините што беа побарани, се остави простор дека плус пациенти во тој износ може да го добијат лекот. Таа апликација е веќе почната во однос на овие количини, кои се веќе пристигнати. Со оглед на тоа дека овој лек го произведува еден производител, бидејќи е патентиран лек, ние веќе предложивме законски измени и тие беа поднесени од моја страна до Собранието. Законските измени се поврзани со оваа терапија и тие се наоѓаат во Собранието и за нив е закажана седница на 16 март, сметам дека сите пратеници тоа ќе го поддржат“, рече Ковачевски.
Премиерот објасни дека нашите закони не дозволуваат директна набавка од производители што имаат патентиран лек, туку мора да се оди преку јавни набавки и трговци на лекови. Тоа дополнително ја зголемуваше цената на лековите, па затоа иницирал веднаш да се пристапи кон измени на законската регулатива и подготовка на законски решенија, со кои ќе се овозможи во најбрз рок пациентите да ги добиваат лековите и да може директно да се преговара со производителот, кој единствен го има лекот, со цел да се добие подобра цена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

