Свет
„Голема дипломатска победа за Кина“ – Иран и Саудиска Арабија ги обновуваат односите по неколку години со помош на Пекинг
Иран и Саудиска Арабија денес се договорија да ги обноват дипломатските односи и да отворат амбасади по повеќегодишна тензија меѓу двете земји, јавуваат агенциите.
Договорот, кој беше постигнат во Пекинг оваа недела, претставува голема дипломатска победа за Кина бидејќи земјите од Заливот гледаат дека САД полека се повлекуваат од поширокиот Блиски Исток.
Одлуката исто така доаѓа додека дипломатите се обидуваат да стават крај на повеќегодишната војна во Јемен, конфликт во кој и Иран и Саудиска Арабија се длабоко вовлечени.
Двете земји објавија изјава за договорот заедно со Кина, која посредуваше во него. Кинеските државни медиуми не го објавија веднаш договорот, според АП.
Иранските државни медиуми објавија фотографии и видеа за кои велат дека се направени во Пекинг за време на состанокот.
„По спроведувањето на одлуката, министрите за надворешни работи на двете земји ќе се сретнат за да се подготват за размена на амбасадори“, објави иранската државна телевизија.
Како што се додава, разговорите траеле четири дена, а амбасадите треба да бидат отворени за два месеца.
Саудиските власти не одговорија веднаш на барањето на АП за коментар.
Набргу по иранското соопштение, саудиските државни медиуми почнаа да ја објавуваат истата изјава.
Саудиска Арабија ги прекина односите со Иран во 2016 година откога демонстрантите упаднаа во нејзината амбасада во Техеран поради егзекуцијата на шиитскиот муслимански свештеник во Ријад, потсетува „Ројтерс“.
Иран, водечката шиитска држава на Блискиот Исток и во Саудиска Арабија, регионална сунитска сила, ги поддржуваат спротивставените страни во војните во Јемен и Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

