Спорт
Официјално обвинение против Барса за судискиот скандал!

Обвинителството во градот Барселона, официјално ја обвини Барселона за корупција во случајот со исплатите на милионски суми до Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на судската комисија на шпанската лига.
Минатиот месец шпанските медиуми открија дека Барселона платила 8.4 милиони евра на компанијата на Негреира за консултации од 2001 до 2018 година. Обвинителите во случајот посочуваат корупција и лажни бизнис-сметки, а се однесуваат на клубот и поранешните претседатели Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, но не и на сегашниот (и поранешен) претседател Жоан Лапорта.
„Барселона обезбедила и одржувала строго доверлив вербален договор со Хозе Марија Енрикезз Негреира, за тој во својата улога како потпретседател на техничката судиска комисја (ЦТА) да изведува одредени активности кои би носеле корист на Барселона при одлуките на судиите“, се вели во објавата на јавниот обвинител.
Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас минатиот месец изјави дека Лапорта треба да си поднесе оставка ако нема „логично“ објаснување за исплатите, но Лапорта ја обвини Ла лига дека сака да го контролира клубот и посочи дека тие никогаш не плаќале судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Навивачите на Јунајтед се бесни на капитенот: Пратете го тој клошар во Арабија

Навивачите на Манчестер јунајтед ги искажаа своите фрустрации на социјалните мрежи откако Бруно Фернандеш промаши пенал против Фулам.
Капитенот на „црвените ѓаволи“, шутираше високо над голот, што предизвика лавина од коментари и критики на социјалните медиуми. Во дел од коментарите се бара одговорност од лидерот на тимот, некои му порачаа да си змаине.
„Ова е најлошото промашување од пенал што сум го видел. Дали замина на месечината затоа што таму гаѓаше!! Срамно и понижувачки, ова не е доволно добро.“
„Испратете го тој клошар во Арабија“
„Пукаше кон ѕвездите, падна на месечината. Бруно Фернандеш“
„Бруно Фернандеш, ова не е рагби“.
„Манчестер јунајтед мора да продолжи понатаму без Бруно Фернандеш. Тој го носи клубот наназад“
Контроверзноста беше засилена со видео од моментот пред да биде изведен пеналот. Фернандес тврдеше дека судијата случајно го допрел и ја му нарушил рутината, и рече дека отсуството на извинување дополнително го вознемирило. Тој истакна дека промашувањето не се должи на неговата техника на шутирање, но го нагласи психолошкиот ефект бидејќи судијата му ја нарушил рутината.
Натпреварот заврши нерешено 1:1. Јунајтед поведе преку автоголот на Родриго Муниз, а Емил Смит Роу израмни неколку минути по влегувањето во играта.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Најдобрата асистенција во НБА ја има… Никола Јокиќ

Вљубениците во НБА кошарката секоја година имаат можност да ги избираат најдобрите потези од претходната сезона. Според нив најобрата асистенција во сезоната 2024/2025 ја има Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец, минатата сезона ја заврши со трипл-дабл просек, но не успеа четврти пат во кариерата да стане МВП. Престижната награда му припадна на Шеј-Гилџес Александер од Оклахома сити Тандер.
Секоја година, навивачите гласаат за најдобрата асистенција од минатата сезона, според нив најдоброто додавање е забележано на 26 март, на натпреварот Денвер Нагетс-Милвоки Бакс.
Нагетс триумфираа дома со резултат од 127:117, а Јокиќ го предводеше тимот со фантастична игра и трипл дабл од 39 поени и по 10 скока и асистенции. Тој најмногу ја воодушеви публиката со додавањето „без гледање“ за Арон Гордон, кој сето тоа го зачини со забивање.
🚨 The results are in for State Farm Assist of the Year 🚨
Nikola Jokić wins the 2025 NBA Fan Favorites Award for his no-look, over-the-shoulder pass as voted by YOU, the fans! pic.twitter.com/37TjxVEF50
— NBA (@NBA) August 24, 2025
Спорт
Тудор не е сигурен дека Јуве треба да го пушти Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна гол против Парма, што дополнително ја менува ситуацијата кога е во прашање неговиот статус во Јувентус.
„Старата дама“ се обидува да го продаде, поради неговата висока плата и фактот дека неговиот договор истекува следната година, но засега нема никаков договор.
Влаховиќ неодамна беше исвиркан од навивачите, меѓутоа, откако постигна гол против Парма (2:0), доби аплауз.
Му требаа само четири минути за да постигне гол откако влезе од клупата.
„Прекрасен гол, Душан е фокусиран, вистински професионалец. Работеше добро на секој тренинг. Ќе видиме што ќе се случи следната недела“, рече тренерот Игор Тудор и додаде:
„Јас имам свои идеи, но директорите ја носат конечната одлука“.
Првиот гол беше дело на Џонатан Давид, кој пристигна од Лил, а Тудор истакнува дека не е невозможно двајцата да играат од самиот почеток.
„Двајцата заедно на теренот? Размислував за тоа“, рече хрватскиот стручњак.
Следниот натпревар на Јуве е во недела, 31 август, во Џенова.
Фото/ Принтскрин