Македонија
Ковачевски по повод 80 од погромот на македонските Евреи: Да не се повтори и да не дозволиме нетолеранција, антисемитизам и фашизам

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка, порача дека никогаш не смее да се повтори ужасното зло од 11 март 194 година, кога започнува депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.
„Згаснатите животи на 7.144 деца, жени и мажи Евреи од нашата држава, меѓу трагичната загуба на над шесте милиони Евреи кои злосторнички се убиени во нацистичките логори низ светот, ќе остана засекогаш вклучен аларм за човештвото. Не смееме да дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам, фашизам. Денес, кога светот се соочува со современи форми на агресија, исклучување, говор на омраза, поттикнати од национални, етнички, верски различности и неправедни наметнувања на едни народи и држави над други – сите сме повикани да бидеме гласни во осудата на овие недемократски пракси во 21 век“, порача премиерот Ковачевски во својот пост на Фејсбук, додавајќи дека Северна Македонија отсекогаш била – и денес е на вистинската страна на историјата и со изградбата на Едно општество за сите, продолжува да биде успешен модел за одржување и унапредување на еднаквоста, мирот и стабилноста во Европа и во светот.©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на општините и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Оваа декларација е прва од ваков вид што се усвојува во Собранието.
Со овој историски чин, Собранието ја реафирмира својота непартиска сплотеност и посветеноста за гарантирање на демократските и европските стандарди во изборниот процес, нудејќи целосна поддршка на одговорните институции, независното набљудување и мирната и рамноправна изборна кампања.
Декларацијата ја нагласува важноста на почитувањето на законот, основните права и слободи, како и осудата на говорот на омраза, насилството, корупцијата и злоупотребата на државните ресурси. Исто така, се потенцира значењето на политичката толеранција и меѓусебното почитување меѓу различните политички опции, како и улогата на медиумите во обезбедувањето позитивна атмосфера на изборниот процес преку еднакво промовирање на кандидатите, нивните идеи и платформи.
Собранието, како претставник на граѓаните и чувар на сплотеноста, испраќа порака дека изборите на 19 октомври треба да бидат доказ за политичката зрелост и за демократското функционирање на нашето општество и институции.
Македонија
Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди, рокот за аплицирање до 5 октомври, објави Министерство за енергетика

Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.
Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а 1.579 од домаќинства во кои единствен приход е пензија.
Министерството ги информира граѓаните дека се уште има можност да се аплицира – рокот е до 5 октомври 2025 година. Граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории и кои ги исполнуваат условите, можат да поднесат апликации до овој датум.
Апликациите може да се поднесат преку архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или онлајн преку официјалната веб-страница: www.energy.gov.mk.
Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да ја искористат можноста и да аплицираат до истекот на рокот.
„Кој може да аплицира: Домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не го надминувал: 25.000 денари за едночлено домаќинство; 31.000 денари за домаќинство со два члена; 37.000 денари за домаќинство со три члена; 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
• Домаќинства во кои единствен приход е пензија, а вкупниот нето месечен доход во 2024 година не го надминувал: 15.700 денари за едночлено домаќинство; 19.800 денари за домаќинство со два члена; 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена.
Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.
Правото на инвертер клима уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.
За оваа мерка се издвоени 170 милиони денари. Средствата ќе бидат искористени за набавка и вградување на инвертер клима-уреди со моќност од 3,5 kW и енергетска класа А+, кои ќе се инсталираат директно во домовите на корисниците.
Со оваа програма, Министерството ја потврдува својата посветеност на подобрување на енергетската ефикасност и намалување на енергетската сиромаштија во земјата.
Македонија
До крајот на денот сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, утре до 33 степени

До крајот на денот сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, која до крајот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и претежно тивко.
Утре, ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност в недела попладне, во текот на ноќта и в понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. В понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.