Спорт
Реал заинтересиран за Ришарлисон
Бразилецот Ришарлисон, минатото лето за 58 милиони евра стана играч на Тотенхем. Досега тој не ја оправда инвестицијата на клубот. Во средата, јавно го критикуваше тренерот Антонио Конте и изјави дека не е среќен во Тотенхем.
„Мундо Депортиво“, пишува дека Реал би можел да го донесе Бразилецот во летниот преоден рок. Актуелниот тренер на Реал, Карло Анчелоти, добро го познава Ришарлисон. Тој у беше тренер една сезона во Евертон.
Реал, во летниот преоден рок ќе мора да ангажира уште еден напаѓач. Не е тајна дека во клубот сакаат да го видат Килијан Мбапе, но барем засега тоа е невозможна мисија.
Исто така се шпекулира дека Реал вниматлно го следи и фудбалерот на Бенфика, Гонзало Рамос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чаби Алонсо не дозволува еуфорија: Уште две недели…
Со победата од 5:0 над Бохум, Баер Леверкузен стигна до неверојатната бројка од 50 натпревари без пораз во сите конкуренции.
Баер е шампион на Германија, но до крајот на сезоната го очекуваат две финалиња, во Лига Европа со Аталанта на 22 мај и Купот на Германија со Кајзерслаутерн три дена подоцна.
„Сеуште не размислуваме за тројната круна, фокусирани сме само на она што следува. Ни претстојат уште три големи предизвици, три големи цели. Ако ја завршиме Бундеслигата без пораз, тоа би било големо достигнување, бидејќи тоа досега не се случило“, вели Алонсо и додава:
„После тоа следуваат тие две големи финалиња. Засега сè оди навистина добро, но… Уште две недели“.
Баер ќе ја затвори Бундес лигата со мечот против Аугсбург во Леверкузен.
Спорт
Го пратил братот близнак во Динамо Букурешт да игра наместо него
На повидок е невиден скандал не само во романскиот туку и во светскиот фудбал. Луѓето во ФК Динамо од Букурешт се сонмеваат дека се измамени од фудбалерот Едгар Ије.
Едгар дојде во Динамо како слободен играч во средината на февруари откако ја прекина соработката со Истанбул Башакшехир.
За Динамо досега одигра пет натпревари, но во клубот започнале да се сомневаат дека натпреварите не ги играл Едгар, туку неговиот брат близнак, Еделино.
Се уште нема официјални потврди за ова, но управата на клубот е убедена дека Едгар зборува англиски, додека во моментов не можат на тој начин да комуницираат со фудбалерот. Фудбалерот кој го имаат во своите редови наводно не сака да им покаже ниту возачка дозвола, ниту каков било документ.
Во својата кариера, Едгар ги носеше дресовите на помладите категории на Спортинг Лисабон, Барселона, Виљареал. Играше за Лил, Нант, Трабзонспор…
Спорт
Кејлор Навас заминува од ПСЖ
Кејлор Навас (37) по пет сезнони реши да го напушти ПСЖ.
Трофејниот голман на Костарика забележа 113 настапи за тимот од Париз, но оваа сезона му беше резерва на Џиџи Днарума.
„Благодарен сум за сите овие години во клубот“, изјави Кејлор Навас и потврди дека си заминува од ПСЖ.
Тој е слободен да избере нов клуб, се уште нема официјални понуди, но наводно е многу блиску до италијанската Серија А, каде има конкретен интерес од неколку клубови.