Спорт
Клоп: Што да кажам? Знаевме дека Борнмут се бори за опстанок
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, му честиташе на Борнмут за тимскиот дух и карактерот, откако го победи неговиот тим со 1:0. „Црвените“ беа нефокусирани во одбраната и без заби во нападот, што ги чинеше шести пораз сезонава.
Мохамед Салах промаши пенал во второто полувреме што можеше барем да му донесе реми на Ливерпул.
„Од првата секунда од натпреварот беше јасно дека доаѓаме во Борнмут, каде домаќините се борат за останување во лигата. Ова е голем клуб, голем град. Тие сакаат да останат и се навистина одличен тим. Нивните резултати не одат во добра насока во последните неколку месеци, но пристапот во играта е поинаков и тие заслужено ги освоија трите бода. Тоа е тоа“, изјави Клоп.
„Не можам да кажам ништо повеќе од тоа дека моравме да бидеме посветени 100 проценти. Што да додадам? Бевме доминантни во првото полувреме, но поседот на топката нема да ни донесе ништо кога се бодовите во прашање“, заклучи германскиот стратег.
Тотенхем го искористи поразот на Ливерпул и со триумф над Нотингем Форест побегна шест бода во трката за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Буфон: Роналдо Бразилецот, прототип на совршен фудбалер
Џанлуиџи Буфон бранеше во четири различни децении, во кариерата се сретна со различни генерации фудбалери и е многу авторитетна личност кога е во прашање изборот на најдобриот играч во историјата. Џиџи кариерата ја заврши онаму каде што ја започна, во Парма на 46-годишна возраст.
Зборувајќи за најдобриот играч со кој се соочил, популарниот Супермен го избра оригиналниот Роналдо. Смета дека тој е бил прототип на совршен играч.
„Напаѓачот кој ми нанесе најголема штета беше Роналдо, Бразилецот. Изгледаше како да е создаден во лабораторија. Сè уште ми е неверојатно дека еден човек може да има таков талент, интуиција, техника, забрзување. Едноставно фудбалер кој ве остава без здив“, рече Буфон.
Спорт
Откажана ГН на Валенсија поради катастрофалните поплави
Големата награда на Валенсија на патеката „Рикардо Тормо“ дефинитивно е откажана откажана по катастрофалните поплави во кои животите ги загубија повеќе од 200 луѓе.
Дорна и ФИМ ја донесоа одлуката на состанокот на комитетот за безбедност на патеката Сепанг во Малезија во петокот попладне.
Традиционално Мото ГП сезоната завршува во Валенсија, годинава требаше да се одржи од 15. до 17,.ноември.
Нема да биде лесно да се одреди кој ќе биде организаторот на последниот викенд од натпреварувањето, а извесно е дека ќе се одржи по тој датум од логистички причини.
„Мото ГП е со заедницата на Валенсија по катастрофалните поплави во областа. Нашите срца се со сите оние кои настрадаа и кои изгубија многу“, стои во објавата на Дорна во врска со страшните вести од Шпанија.
Инаку неколку Дорна има неколку опции: Катар, Херез, Арагон, Каталуња и Портимао.
Лидер во кралската класа е Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) со 453, додека Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) кој цели кон третата последователна титула има 17 бодови помалку.
Спорт
Лаутаро: На нивото сум на Халанд и Мбапе, заслужив повеќе од седмо место во изборот за Златната топка
Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер и на аргентинската репрезентација, е разочаран од седмото место во изборот за Златната топка за сезоната 2023/24. Пред него беа Родри, Винисиус, Белингем, Карвахал, Халанд и Мбапе.
„Немам на што да им завидувам на Халанд, Мбапе, Кејн и Левандовски. На нивното ниво сум. Разочаран сум само од седмото место и очекував повисок пласман по одличната сезона што ја имав“, изјави Лаутаро.
Во текот на 23/24 ја освои италијанската титула со Интер, а јужноамериканската титула со Аргентина, придонесувајќи за споменатите трофеи како најдобар стрелец и во натпреварувањата во Серија А и во Копа Америка.
На страната не Лаутаро е и неговиот капитен Лионел Меси: „Лаутаро ја заслужува Златната топка повеќе од било кој бидејќи имаше одлична сезона“.
Хавиер Занети, сонародникот на Мартинез и легенда на Интер, додаде: „Сите очекувавме тој да биде подобро пласиран, но така е со наградите. Тие не се секогаш фер. Лаутаро мора да остане смирен бидејќи освои многу и го заслужи признанието на сите оние што играат фудбал“.