Свет
Жесток напад на територијата на Русија, Белгород бомбардиран со ракети
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/vojna-ukraina.jpg)
Руската воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород, на границата со Украина, а повредена e една жена, соопшти гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Нашата воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород. Се расчистуваат последиците на терен. Веќе е пријавено едно повредено лице. На местото на настанот е испратена брза помош“, напиша Гладков на каналот „Телеграм“.
Како што наведе, причинета е штета и на два станбени објекта.
Гладков не кажа кој ги лансирал ракетите, но во претходните случаи ги обвинувал украинските сили од другата страна на границата, потсетува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Трамп во приватен разговор: Бајден ја напушта трката, ја имаме патетичната Камала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/bajden-tramp.jpg)
На социјалните мрежи се појави видео од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој во приватен разговор одржан на теренот за голф тврди дека неговиот ривал, демократскиот кандидат Џозеф Бајден, ќе ја напушти претседателската трка поради лошиот настап на минатонеделната дебата.
Во видеото, Трамп ја опишува потпретседателката Камала Харис како „лоша“.
BREAKING: Leaked video shows Donald Trump saying he thinks Kamala Harris will be the Democrat nominee, says she is "so f**king bad."
"She's so bad. She's so pathetic. She's just so f**king bad."
"How did I do with the debate the other night? I kicked that old, broken down pile… pic.twitter.com/8OKxd1hHc6
— Collin Rugg (@CollinRugg) July 4, 2024
„Тој (Бајден) само што поднесе оставка. Тој ја напушта (претседателската) трка, а тоа значи дека ја имаме Камала (Харис). Мислам дека таа ќе биде подобра, таа е толку патетична, толку е лоша, кажал Трамп од количката за голф во клипот, пренесува „Sky News“.
Според одделни анкети спроведени од „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“, Трамп има поголеми шанси за победа од Бајден.
Врз основа на истражувањето на „Њујорк Тајмс“, спроведено меѓу регистрираните гласачи кои се очекува да излезат на гласање на 5 ноември, 49 отсто од гласачите би гласале за Трамп, а 43 отсто за Бајден.
Бајден треба официјално да биде номиниран во август, а единствениот начин да биде сменет е самиот да си поднесе оставка, што тој негираше дека ќе го стори.
Свет
Русија тврди дека уништила украински МиГ-29 на аеродромот Долгинцево
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/gfd-1.jpg)
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29.
„Рускиот „Искандер“ изврши ракетен напад врз паркингот за авиони на аеродромот Долгинцево, уништени се борбените авиони МиГ-29 на вооружените сили на Украина, авионското оружје и авијациско-инженерските возила“, соопшти Министерството, пренесе Тас.
Министерството објави и снимка од уништувањето на авионот.
Регион
Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/fds-2.jpg)
Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.
Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.
„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците. Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.
Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.