Свет
Париз се дави во ѓубре, комуналците штрајкуваат веќе седум дена

Вработените во општинската служба за чистење и собирање отпад во француската престолнина Париз веќе една недела штрајкуваат незадоволни од најавените реформи на пензискиот систем, а јавноста сè повеќе стравува од таложење ѓубре и масовно појавување стаорци на улиците на Париз.
Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира ѓубрето и на улиците се натрупани речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, јави телевизијата БФМ.
Коломбе Бросел, помошник на градоначалникот на Париз задолжен за чистота на јавните простори, рече дека „собирањето ѓубре е нарушено во сите делови на Париз“ и објасни дека приоритет се „безбедносните интервенции, како што се чистење на пазарите и отстранување на вреќите со ѓубре на земјата“.
Ен Сури, помошник на градоначалникот на Париз задолжен за јавното здравје, рече дека „нема ризик за јавното здравје“, туку проблем на „удобност и квалитет на живот“.
Сепак, таа предупреди „да не се дозволува стаорците слободно да шетаат на улиците“ и посочи дека градската управа работи на враќање на стаорците во канализацијата со елиминирање на храната на улиците.
Пјер Лисија, регионалниот советник за јавно здравје, сепак верува дека стаорците претставуваат непосредна опасност за луѓето.
Тој потсети дека минатото лето Академијата за медицина потсети во својот извештај дека стаорците сè уште се закана за здравјето на луѓето поради многу инфекции што се пренесуваат преку егзопаразити, измет, каснувања или гребнатинки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото+видео) Масовен протест за Газа во Сиднеј: демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до воено разурнатиот Појас Газа, јавува Ројтерс.
Некои од учесниците на протестната прошетка, која организаторите ја нарекоа „Марш за хуманост“, носеа тенџериња и тави како симболи на глад. Според „9 News Australia“, бројот на демонстранти далеку ги надмина очекувањата на организаторите – дури 90.000 луѓе.
Avustralya’nın Sydney kentinde binlerce kişi İsrail’in Filistin’e yönelik saldırılarını protesto etmek için bir araya geldi.
— Haber HUN (@haberHUN) August 3, 2025
Меѓу учесниците на протестот беа постари лица и семејства со мали деца, како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а некои мавтаа со палестински знамиња и скандираа „сите сме Палестинци“.
Во Појасот Газа, во тек е војна меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, која започна во октомври 2023. Оттогаш, според палестински извори, повеќе од 60.000 луѓе се убиени во Газа, а хуманитарните организации велат дека недостигот од храна води до широко распространето гладување.
Свет
(Видео) „Ова не се случило 20 години“ – снег ја парализира Австралија, завеани градови, заглавени возила

Неколку градови во источна Австралија се покриени со најдебелиот слој снег што паднал во последните неколку децении. Државната служба за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс соопшти дека за време на викендот се очекува да падне околу половина метар снег во одредени области.
Во делови од северозападниот регионот Нова Англија паднал најголемиот снег во последните 20 години, извести државната телевизија.
Весникот „Сиднеј Морнинг Хералд“ објави дека во едно подрачје во соседната држава Квинсленд паднал првиот снег по десет години, пренесува денеска Ројтерс.
– Никогаш во животот немам видено снег. Навистина е надреално искуство – изјавил еден жител на Квинсленд за локалната телевизија „7Њуз“.
Службата за вонредни ситуации соопшти дека реагирала на повеќе од 1.455 инциденти. Олуите оштетиле згради и издадени се неколку предупредувања за поплави. Според Abc.net.au, околу 200 возила се заглавени во длабок снег кој го затрупал северозападниот дел на Нова Англија во саботата. Службата на Нов Јужен Велс соопшти дека регионот никогаш досега не видел ваков длабок снег.
Десетици илјади потрошувачи останале без струја во текот на ноќта, а полицијата во Нов Јужен Велс – најнаселената австралиска држава – соопшти дека автомобил останал заглавен во поплавени води и дека исчезнала жена на дваесетина години, по која интензивно се трага.
Свет
(Фото+видео) Руски ракетен напад врз Николаев: повредени седум лица, уништени десетици домови

Во рускиот ракетен напад врз градот Николаев во јужна Украина синоќа, најмалку седум лица се повредени, а десетици куќи и објекти од цивилна инфраструктура се уништени или оштетени, изјави денес началникот на Николаевската регионална воена администрација Виталиј Ким.
Државната служба за вонредни ситуации на Николаевската област објави дека како резултат на рускиот ракетен напад се оштетени приватни куќи и цивилни домови, како и дека се спроведуваат итни спасувачки операции и се гаси пожарот на местото на ударот, пренесува „Униан“.
Ким во објава на Телеграм изјави дека три лица се хоспитализирани од полноќ.
Тој објави фотографии на кои се гледаат поединечни станбени згради кои биле речиси уништени, наведувајќи дека 23 приватни куќи, 12 станбени згради и пошта биле оштетени во рускиот напад, пренесува Ројтерс.
Украинските воздухопловни сили објавија на Телеграм дека Русија синоќа лансирала 76 дронови и седум ракети насочени кон Украина и дека биле погодени осум локации низ Украина.
😡 Strike on Mykolaiv: Homes destroyed, civilians injured
During yesterday’s shelling of Mykolaiv, 23 private houses, 12 apartment buildings, 6 cars, a post office, and a construction materials store were damaged, according to Mayor Oleksandr Sienkevych.
Seven people were… pic.twitter.com/FQ8NiwfBLe
— NEXTA (@nexta_tv) August 3, 2025
Се додава дека украинските единици за воздушна одбрана уништиле 60 руски беспилотни летала и една ракета.
Во регионите Запорожје и Херсон, на фронтовската линија, најмалку три лица се убиени, а повеќе од 12 се повредени како резултат на руските напади во текот на изминатите 24 часа, соопштија шефовите на регионалните воени администрации.
Русија, исто така, започна ракетен напад со краток дострел врз Киев, но нема извештаи за повредени или штети.