Забава
Најдобрите модни стилови на оскаровската вечер
Познатиот тепих ја промени бојата во Холивуд за годинешното доделување на „Оскарите“ – го опишаа како шампањ наместо како традиционалниот црвен. Но, гламурот на дефилето пред свечената церемонија беше ист како и секогаш.

Кејт Бланшет имаше осма номинација за „Оскар“ во кариерата. Нејзината елегантна креација од сино кадифе украсена со лента, што ја изработија бегалци во рамките на иницијативата на Агенцијата за бегалци при Обединетите нации.

Мишел Јео, ѕвездата на „Сè секаде одеднаш“, пристигна во бела тоалета на „Диор“, нагласена со дијаманти, и ја победи Бланшет во трката за најдобра актерка во главна улога.

Мишел Вилијамс беше номинирана за најдобра актерка – петто признание во нејзината кариера – за улогата на мајката на Стивен Спилберг во The Fabelmans („Фејбелменови“). Таа се одлучи за бел проѕирен фустан на „Шанел“, прошаран со кристали.

Лејди Гага, која ја изведе својата песна Hold My Hand од „Топ-ган: Маверик“, пристигна во црн фустан од „Версаче“, со црн тил врз корсет.

Ријана исто така пееше на церемонијата изведувајќи ја Lift Me Up од филмот „Црн пантер; Ваканада засекогаш“.

Британската актерка Флоренс Пју пристигна во раскошна креација врз црни шорцови и чевли на платформа. Изгледот го дополни со впечатлив сребрен ѓердан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Анџелина Џоли за прв пат ги покажа лузните од мастектомијата
Анџелина Џоли ја краси насловната страница на списанието „Тајм Франс“, а ова е прв пат јавно да ги покаже лузните од двојната мастектомија во 2013 година. Таа имала превентивна операција на градите поради високиот ризик од рак на дојка, истиот рак од кој почина нејзината мајка.
Таа позираше за насловната страница на списанието во целосно црн фустан, а својот стил го комплетираше со едвај забележлива шминка и лабава фризура.
„Ги делам овие лузни со многу жени што ги сакам“, изјави таа за списанието. „И секогаш ме трогнува кога гледам други жени како ги споделуваат своите“.
Таа додаде: „Сакав да им се придружам, знаејќи дека „Тајм Франс“ ќе споделува информации за здравјето на дојките, превенцијата и свеста за ракот на дојка“.
За потсетување, мајката на Анџелина Џоли, актерката Маршелин Бертран, почина во 2007 година на 56-годишна возраст. Во нејзината колумна за „Њујорк тајмс“ од 2013 година, „Мојот медицински избор“, Џоли откри дека носи „погрешен ген“, BRCA1, кој значително го зголемува нејзиниот ризик од развој на рак на дојка.
„Сакав да го напишам ова за да им кажам на другите жени дека одлуката за мастектомија не беше лесна“, напиша таа во тоа време. „Но, тоа е одлука за која сум многу среќна.
Моите шанси за развој на рак на дојка се намалија од 87 проценти на помалку од 5 проценти. Можам да им кажам на моите деца дека не мора да се плашат дека ќе ме изгубат од рак на дојка.“ Две години подоцна, во март 2015 година, на Џоли ѝ беа отстранети и јајниците и јајцеводите како превентивна мерка.
Забава
(Видео) Ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ залуде со својот изглед: „И таа има 62 години?“
Филипин Лерој-Болие присуствуваше на премиерата на петтата сезона од популарната серија на Нетфликс „Емили во Париз“. За таа пригода, таа одлучи да облече црна тоалета која ја истакнуваше нејзината витка фигура и ги натера љубопитните очи да се запрашаат – дали оваа жена навистина има 62 години?
Таа избра фустан од Сен Лоран направен од црна чипка, украсен со подолг дел одзади и мини должина напред.
Оваа креација уникатно го истакнува целиот сексапил на жената што ја носи, а отворениот грб не треба да се изостави – совршениот детаљ што го комбинира гламурот и провокативниот момент на ова модно парче.
Стајлингот го надополни со впечатлива шминка, дискретни додатоци и малку брановидна фризура.
Забава
(Видео) Викторија Бекам без задршка: ја откри „срамната“ навика на Дејвид Бекам
Викторија Бекам неодамна се појави во емисијата „Watch What Happens Live“, каде што зборуваше за својата кариера како моден дизајнер, но и за добро позната тема – нејзиниот долгогодишен брак со Дејвид Бекам. Не е тајна дека двајцата се сметаат за „моќен пар“ во светот на познатите личности, иако нивниот брак поминал низ многу турбуленции и скандали.
Во врска со ова, Викторија, која секогаш е беспрекорно облечена, откри детаљ што ја нервира кај нејзиниот сопруг Дејвид за гореспоменатата емисија. Таа призна дека би сакала да го промени ова, но…
„Дејвид сака да пристигнува рано, на секој можен настан. Еднаш отидовме на забава и пристигнавме пред персоналот што послужуваше. Во овој момент, веќе е срамно“, рече таа. Водителот Енди Коен додаде: „Понекогаш треба да доцните“, на што Викторија одговори: „Токму тоа го велам“.
Таа откри и дека поп-дивата Мадона ѝ помогнала во кариерата како дизајнер.
„Мадона носеше еден од моите дизајни за списанието W и тоа беше навистина возбудливо. Секогаш се чувствувам поласкана кога некој ќе одлучи да ме избере мене, има толку многу избори. Тоа беше голем момент.“ Водителот потоа праша: „Дали чувствувате дека тој момент навистина ги промени работите?“, на што Викторија рече: „Навистина го направи тоа, бидејќи не го очекував, а тоа е Мадона!“

