Спорт
„Би-би-си“ го врати Гери Линекер, може да пишува на Твитер што сака
Гери Линекер ќе се врати на популарната фудбалска емисија „Меч оф д деј“ на „Би-би-си“ откако британскиот национален радиодифузен сервис ќе му дозволи да пишува што сака на Твитер без ограничувања.
Линекер беше суспендиран откако ги спореди потезите на британската влада околу имиграцијата со тие на нацистичка Германиј од 1930-тите, по што со него се солидаризираа неговите колеги Алан Ширер и Јан Рајт, како и повеќето премиерлигашки клубови кои одбиваа да даваат изјави за „Би-би-си“, пред денеска проблемот да бид решен.
„Сите признаваме дека ова беше тежок период за сите во ‘Би-би-си’, вклучувајќи ги нашите гледачи. За тоа се извинувам. Потенцијалната ‘сива зона’ во препораките за однесување на социјалните мрежи во 2020 сега ја нема и програмите ќе продолжат. ‘Би-би-си’ има обврска за независност и слобода за изразување. Најавуваме ревизија од независни експерти за нови препораки за однесување на социјалните мрежи. Гери останува вреден дел од ‘Би-би-си’ и одиме понатаму“, вели Тим Дејви, генералниот директор на „Би-би-си“.
Линекер го замени Дес Лајнам како водител на „Меч оф д деј“ во 1999 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус се договорил со Матета, сега треба да се договори со Кристал Палас
Жан-Филип Матета постигна договор со Јувентус и го чека исходот од преговорите меѓу Кристал Палас и „старата дама“.
Италијанските медиуми открија дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус, според која ќе заработува 4.000.000 годишно, но сега следува потешкиот дел од преговорите.
Наводно, Палас сака да собере 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за позајмица до крајот на летото со задолжителен откуп за 28-30.000.000 евра. Оваа понуда клубот од Лондон ја одбил.
Матета врши притисок врз Палас, кој нема многу простор за маневар, поради што медиумите тврдат дека трансферот, на овој или оној начин, ќе биде договорен во наредните 48 часа.
Матета има договор до летото 2027 година и влегува во последната сезона во јуни, па Палас сигурно ќе профитира од него.
Палас за трансферот на ;Матета од Мајнц, во 2022 година, плати 11.000.000 евра.
Јасно е дека Матета доаѓа како замена за Душан Влаховиќ, кој ќе го напушти Торино како слободен играч следното лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Битката за Африка и пешкирот – Сенегалците жестоко го бранеа затоа што штити од црна магија?
Финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал сè уште е најжешката тема на фудбалската јавност.
Натпреварот во Рабат тешко дека ќе се памети по фудбалскиот спектакл, но настаните ќе се раскажуваат долго време поради кои африканскиот фудбал секогаш ќе служи за потсмев.
Медиумите сега се фокусираат на драмата што се одвиваше зад голот на сенегалскиот голман Едуар Менди.
Имено, во второто полувреме, капитенот на Мароко, Ашраф Хакими, го зеде пешкирот на Менди и го фрли зад рекламите.
Сенегалскиот дефанзивец Ел Хаџи Малик Диуф веднаш реагираше, скокна преку оградата и му го врати пешкирот на Менди, но тоа вредно парче ткаенина повторно исчезна.
Тогаш на сцената се појави резервниот голман на Сенегал, Џеван Диуф (не бранеше ниту секунда на турнирнирот), кој го донесе својот пешкир зад голот на Менди и му го даде на својот соиграч да ги избрише ракавиците бидејќи врнеше дожд за време на натпреварот.
Диуф цело време остана зад голот и му „помагаше“ на својот колега секогаш кога му требаше пешкир.
Но, потоа селекторот на Мароко го замени својот играч од средниот ред Исмаел Саибари и го испрати зад голот на Сенегалците за да го спречи Диуф да му го подава пешкирот на Менди.
Резервниот голман на Сенегал успеа да го заобиколи Саибари и да му го подаде пешкирот на Менди, но потоа Мароканците решија да ги ангажираат деца кои ги носат топките.
Во еден момент, за време на акцијата на Мароко на половината на Сенегал, дури четири момчиња го нападнаа Диуф и се обидоа неколку пати да му го украдат пешкирот.
По натпреварот, Саибари одлучи да го посети хотелот на репрезентацијата на Сенегал за лично да му се извини на голманот Менди за несоодветното однесување поврзано со пешкирот на сенегалскиот голман.
Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ откри зошто Мароканците се обидоа да го добијат пешкирот на Менди.
„Сенегал и вуду пешкирот што Мароканците се обидоа да го украдат за време на финалето“ е насловот на текстот во кој се објаснува сенегалското суеверие.
„Пешкирот на Менди, според верувањето на Сенегалците, е платнено оружје кое апсорбира црна магија и ја пренесува нејзината моќ на својот сопственик. Иако многумина мислат дека е бесмислено, Мароканците дадоа се од себе за да го земат“, се вели, меѓу другото, во статијата во „Газета дело Спорт“.
Foto/ EPA
Спорт
Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Макеоднија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.
Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, Шпанија и Данска.
Познато е што и е потребно на Македонија за пласман во Топ 12. Прв услов е победа над Романија, по можност убедлива, а потоа потребен е и убедлив триумф на Данска над Португалија.
По првите две рунди во Б групата, Португалија има гол разлика +6, а Македонија -12.
Foto/ EPA

