Спорт
Украинката Цуренко одби да игра со Белорусинката Сабаленка поради напад на паника
Украинката Арина Сабаланке се повлече од мечот со Белорусинката Арина Сабаленка на турнирот во Индијан Велс, велејќи дека добила „паничен“ напад по коментарот на претседателот на ВТА турнејата, Стив Сајмон околу војната во Украина, односно неговата порака дека не треба да се вознемирува ако руските и белоруските тенисери ја поддржуваат својата влада.
„Пред неколу дена имав разговор со претседателот на ВТА, Стив Сајмон и бев шокирана од тоа што го слушнав. Тој ми кажа дека не ја поддржува војната, но ако играчите од Русија и Белорусија ја поддржуваат, тоа е само нивно мислење и туѓото мислење не треба да ми пречи. Бев шокирана од овој разговор и кога дојде време да излезам на теренот добив паничен напад и не можев да излезам таму. Не знам како човек како Стив Сајмон може да биде лидер во ВТА. Како нашата организација ги заштитува нашите права? Не го сфаќам тоа“, изјави Цуренко.
Lesia Tsurenko told us she felt mentally bad for a few days and had a mental breakdown "after all the things I’ve heard. It was a panic attack, I had trouble breathing. A few days ago I had a conversation with Steve Simon, I was absolutely shocked by what I heard from him" 👇 pic.twitter.com/hZZJcNtWOA
— Ukrainian Tennis • BTU (@ukrtennis_eng) March 13, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Макеоднија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.
Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, Шпанија и Данска.
Познато е што и е потребно на Македонија за пласман во Топ 12. Прв услов е победа над Романија, по можност убедлива, а потоа потребен е и убедлив триумф на Данска над Португалија.
По првите две рунди во Б групата, Португалија има гол разлика +6, а Македонија -12.
Foto/ EPA
Спорт
По прославата доаѓаат казните
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) издаде соопштение по финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации, кој имаше скандалозен крај.
Фудбалерите на Сенегал го кренаа вториот трофеј во последните три учества на континенталното првенство со минимален триумф (1:0), над домаќинот Мароко, а малку фалеше Сенегалците да не го доиграат натпреварот.
Виновник за циркузот на стадионот во рабат, беше конгоанскиот судија, Жан-Жак Нгамбо Ндала, кој досуди пенал за Мароко веднаш по поништувањето на голот на Сенегал. Двете одлуки беа спорни, што беше премногу за гостите и селекторот Папе Тијав ги повлече своите фудбалери од теренот.
На инсистирање на капитенот Садио Мане, играчите се вратија, Брахим Дијаз го промаши пеналот, а Сенегал на крајот победи со гол во првото продолжение.
Сепак, настаните на теренот, на трибините и во конференциската сала нема да останат неказнети. CAF објави дека ќе се спроведе истрага, по што сите одговорни ќе бидат казнети.
Бидејќи претставниците на Мароко ја добија наградата за фер-плеј, претпоставката е дека „подебелиот крај“ ќе го извлече Сенегал.
„Африканската фудбалска конфедерација го осудува неприфатливото однесување на неколку играчи и службени лица за време на финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал.
Конфедерацијата остро осудува секаков вид неприфатливо однесување за време на натпреварите, особено она насочено кон судиите или организаторите.
Ги прегледуваме сите снимки и сите докази ќе бидат доставени до надлежните органи со цел да се преземат мерки против одговорните“, соопшти CAF.
Foto/ EPA
Спорт
Лидерот Арсенал гостува кај Интер во Лигата на шампионите
Натпреварите од седмото коло од Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена.
Дербито ќе се одигра на „Џузепе Меаца“ во Милано, силите ќе ги одмерат лидерите во Серија А и Премиер лигата, Интер и Арсенал.
Интер и Арсенал, во оваа фаза играа и минатата сезона, тогаш италијанскиот тим победи со 1:0.
Интер ги загуби последните два натпревари во Лигата на шампионите и никогаш не загубил три во својата историја, додека Арсенал бележи совршен настап – шест победи во шест натпревари во лигашката фаза.
„Топџиите“ се во серија од десет последователни победи во лигашката фаза, а им треба само уште една топка во мрежата за јубилејниот 400-ти гол во историјата на Купот/Лигата на шампионите.
ЛШ, 7.коло, вторник:
Каират-Бриж (16.30)
Боде/Глимт-Манчестер Сити (18.45)
Интер-Арсенал (21.00)
Копенхаген-Наполи (21.00)
Олимпијакос-Баер Леверкузен (21.00)
Реал-Монако (21.00)
Спортинг-ПСЖ (21.00)
Тотенхем-Борусија Дортмунд (21.00)
Виљареал-Ајакс (21.00)
Табела:

Foto/ depositphotos

