Спорт
Партизан се врати од -20 за да ја „здроби“ Звезда во АБА-дербито
Партизан пред рекордни за АБА-лигата 17.124 гледачи, се врати од 20 поени негатива во првото полувреме за да стигне до маестрална 92:81 победа над вечниот градски ривал Црвена звезда во еден интересен меч од регионалниот шампионат.
По израмнетиот стрт, Звезда преку Факундо Кампацо стигна до одлична предност од 19:6, за тимот на Душко Ивановиќ во вторат четвртина да стигне и до 20 поени предност. Тие ја задржаа контролата на почетокот на второто полувреме, но потоа предводени од Лесор, Партизан се вратија за 66:63 негатива пред последната четвртина. Таа „црно-белите“ ја почнаа со 13:0 серија за целосна доминација.
Партизан сега има 19-2 скор, а Звезда со меч помалу 17-3 скор. Матијас Лесор со 27 поени и 7 скока беше најдобар за Партизан, додека Кампацо застана на 21 поен за Звезда, и тоа сите во првото полувреме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ждрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир
Foto/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија, вчера, направи голем пресврт, надомести минус од седум голови прптив фарските Острови и се пласира на Светското првенство.
Во „Борис Трајковски“, Македонија победи со 34:26 (15:11). Пешевски со осум, Кузмановски со седум и Митев со шест гола ја предводеа Македонија до победата.
Светското првенство ќе се одржи од 14.јануари до 2. февруари наредната година во Хрватска, Данска и Шведска. Натпреварите ќе се играат во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин.
Извлегувањето на групите се одржи на 29. мај, а според проекциите Македонија ќе биде сместена во третиот шешир заедно со Аргентина, Јапонија, Алжир, Катар, Бразил, Куба, Полска.
Шешир 1:
Германија, Египет, Унгарија, Данска, Франција, Шведска, Словенија, Португалија
Шешир 2:
Норвешка, Холандија, Шпанија, Хрватска, Австрија, Исланд, Италија, Чешка
Шешир 3:
Македонија, Аргентина, Јапонија, Алжир, Катар, Бразил, Куба, Полска
Шешир 4:
Кувајт, Зеленортски Острови, Гвинеја, Бахреин, Тунис, Чиле, Соединетите Американски Држави, вајлд-карта.
Спорт
Дебакл на Црна Гора – селекторот Шола поднесе оставка
Храватскиот тренер, Владо Шола поднесе оставка од функцијата селектор на Црна Гора. Шола и неговите избраници се изрезилија против Италија во баражот за пласман на Светското првенство.
Црна Гора ги загуби двата натпревари од Италија во баражот за СП 2025. Италија го доби првиот натпревар 32:26, а во реваншот беше 34:32 за Италијанците.
„Им честитам на играчите, преземам одговорност за се. Се што беше лошо беше моја вина. Веднаш поднесувам оставка, жал ми е ако го разочарав ракометниот свет во Црна Гора“, изјави Шола на прес-конференцијата по натпреварот.
Спорт
Фабрегас: Варди не е дел од нашите планови
Помошникот на тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ги демантираше гласините дека англискиот напаѓач Џејми Варди би можел да потпише договор со новиот тим на италијанската Серија А.
Комо натпреварувањето во второлигашкиот караван го заврши на втората позиција со три бода помалку од Парма и заедно со „млекарите“ обезбедија пласман во елитното друштво. Комо последен пат дел од италијанската елитна дивизија беше пред 21 година.
„Варди не е мета на Комо за новата сезона. Ќе потпишеме играчи кои веруваат во нашиот проект и сакаат да играат овде. Ќе составиме конкурентен тим“, изјави поранешниот шпански репрезентативец.
Лестер се врати во Премиер лигата по една година во Чемпионшип, а Варди имаше одлична сезона.
37-годишниот фудбалер го носи дресот на „лисиците“ од 2012 година, а во сезоната 2023-24 одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 20 гола со две асистенции.