Црна хроника
Казнети 201 возач во Скопје, 54 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.3.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
Околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
Тетовец злоупотребил фотографии од малолетничка, па ја уценувал: ѝ барал сексуални услуги за да ги избрише лажните профили што ѝ ги направил
Полицијата го приведе И. С. (29) од селото Церово поради полово вознемирување и злоупотреба на лични податоци.
Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјалните мрежи креирал неколку профили на нејзино име, на кои поставил фотографии од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги зел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.
И. С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Црна хроника
Дете паднало од електричен тротинет во Гостивар, заврши во болница со тешки повреди
Синоќа во сeлото Врапчиште, Гостиварско, малолетник од истото село, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Притоа се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
Извршен бил увид.