Контакт

Европа

Фон дер Лаен: Сакаме што побргу да ги приближиме земјите од Западен Балкан до ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, оцени дека сега е клучниот момент за постигнување договор меѓу Србија и Косово и за решавање на меѓусебните прашања бидејќи тоа е многу важно за процесот на проширување, но и за постигнување стабилност во Европа.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ова го изјави во интервју нагласувајќи дека војната во Украина ја истакна стратешката важност на проширувањето на Европската Унија.

„Знаете дека сакаме да ги приближиме нашите партнерски земји од Западен Балкан што е можно побргу до Европската Унија“, додаде Фон дер Лаен.

Кога станува збор за дијалогот меѓу Србија и Косово, таа вели дека на маса има план на Европската Унија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина поради што смета дека сега е моментот да се разбере важноста на постигнување договор за двете страни.

„Нормализацијата на тие односи е најважна и клучна за безбедноста, стабилноста и за просперитетот на целиот регион. Затоа се надевам дека во пресрет на новите разговори двете страни ќе бидат многу конструктивни“, рече претседателката на Комисијата.

На прашањето дали ќе има последици доколку не се постигне договор, Фон дер Лаен рече дека е потребно, прво, да се обиде да најде решение, а потоа да се гледаат резултатите, пренесе „Аваз.ба“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Финска им дозволи на САД пристап до воените бази; Русија: Ќе возвратиме

Објавено пред

Русија ќе одговори на одлуката на Финска да дозволи пристап на САД до нејзините воени бази, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

На 1 јули финскиот парламент едногласно го одобри договорот за одбранбена соработка со Соединетите Американски Држави, кој беше потпишан во декември 2023 година.

Договорот наведува 15 објекти и области во Финска до кои американската војска ќе има неограничен пристап и каде што може да складира и воена опрема и муниција.

„Можам само да потврдам дека Русија нема да пропушти да одговори на трупањето сили на НАТО на нашата граница, што претставува закана за безбедноста на Руската Федерација“, изјави заменик-портпаролот на Министерството, Андреј Настасин.

„Ќе ги преземеме и сите неопходни мерки, вклучително и мерки од воено-техничка природа, со цел да возвратиме на агресивните одлуки на Финска и нејзините сојузници во НАТО“, додаде тој.

Финска стана членка на НАТО минатата година.

Прикажи повеќе...

Европа

Членките на НАТО договорија 40 милијарди евра воена помош за Украина

Објавено пред

Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина со 40 милијарди евра следната година, изјавија двајца западни дипломати за Ројтерс во средата, една недела пред самитот на алијансата во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побара од сојузниците да се согласат на повеќегодишна посветеност да продолжат да му помагаат на Киев на исто ниво како од почетокот на руската инвазија во 2022 година, во износ од речиси 40 милијарди евра годишно. Земјите членки, сепак, не го поддржаа првичното барање на Столтенберг, но договорот вклучува одредба дека придонесите на сојузниците ќе бидат разгледани на идните самити на НАТО, според дипломатот.

Сојузниците одлучија да подготват два извештаја во текот на следната година за да одредат која земја што испраќа во Украина, рече дипломатот, за да се исполнат барањата за поголема транспарентност во распределбата на товарот меѓу сојузниците.

Земјите членки „ќе имаат цел да го исполнат ова ветување преку пропорционални придонеси“, се вели во договорот. Финансиската обврска е дел од поширокиот пакет за Украина за кој лидерите на НАТО ќе се договорат на состанокот во Вашингтон од 9 до 11 јули.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Страшен руски ракетен напад врз Днипро, многу мртви и ранети

Објавено пред

Во руски напад со проектили и беспилотни летала врз украинскиот град Днипро во средата загинаа четворица цивили, а 27 беа ранети, оштетени се градинки, училишта и болници, а предизвикаа и пожари во градот, соопштија регионалните власти.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели драматично видео од ракетниот напад врз Днипро.

„Утрото не беше добро за нас. Непријателот изврши комбиниран напад врз нашиот град“, рече Серхиј Лисак, гувернер на околниот регион Днепропетровск, во видео објавено на „Телеграм“.

Од повредените 11 се пренесени во болница, а двајца се во тешка состојба, рече тој.

Лисак објави фотографии од работниците на итната помош како отстрануваат скршено стакло и го гаснат пожарот.

Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили ја гаѓале областа Днепропетровск со седум проектили и пет беспилотни летала „Шехид“.

Противвоздушната одбрана успеала да собори пет проектили и сите беспилотни летала, се наведува.

Градоначалникот на Днепро, Борис Филатов, прогласи ден на жалост за четврток. Тој рече дека се оштетени две училишта и три градинки.

Фрагменти од проектил паднале врз детската болница, а оштетени се уште две болнички згради. Оштетени се и деловни згради, соопштија властите.

Русија во последните месеци ги засили воздушните напади врз украинските градови.

Москва негира дека цели на цивили, иако илјадници се убиени откако Русија ја почна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Русија тврди дека уништила украински МиГ-29 на аеродромот Долгинцево

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион42 минути

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака...

Свет47 минути

(Видео) Ураганот Берил уништува се пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следен е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет1 час

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин...

Регион1 час

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожари на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија1 час

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија15 часа

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија21 час

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија21 час

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ21 час

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија21 час

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија22 часа

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија22 часа

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија23 часа

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија23 часа

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет24 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет1 ден

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет1 ден

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија1 ден

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...