Црна хроника
Претрес во Липковско, пронајдена дрога, приведено лице од Лојане
Денеска, во 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, го лишиле од слобода Р. И. (20) од село Лојане, Липковско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
Околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
Тетовец злоупотребил фотографии од малолетничка, па ја уценувал: ѝ барал сексуални услуги за да ги избрише лажните профили што ѝ ги направил
Полицијата го приведе И. С. (29) од селото Церово поради полово вознемирување и злоупотреба на лични податоци.
Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјалните мрежи креирал неколку профили на нејзино име, на кои поставил фотографии од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги зел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.
И. С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Црна хроника
Дете паднало од електричен тротинет во Гостивар, заврши во болница со тешки повреди
Синоќа во сeлото Врапчиште, Гостиварско, малолетник од истото село, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Притоа се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
Извршен бил увид.