Македонија
СДСМ: Следува историско покачување на пензиите од 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери
СДСМ се грижи за пензионерите, обезбедува континуиран раст на пензиите, истакнуваат од партијата на власт.
Со мартовската пензија, како што појаснуваат, следува историско зголемување на пензиите од 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери.
„Просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари. Преку одговорните и ефикасни политики, Владата предводена од СДСМ за само една година, од март 2022 до март 2023, ги зголеми пензиите 18 отсто, што никогаш досега не се случило. Благодарение на новата методологија за усогласување, со која пензиите двапати годишно се усогласуваат со растот на трошоците на живот и растот на просечната плата, се обезбедува континуиран раст на пензиските примања“, додаваат од СДСМ.
Владата и институциите предводени од СДСМ, се додава во пишаната информација, продолжуваат со грижа за највозрасните граѓани, кои треба достоинствено да живеат во своите пензионерски денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

