Спорт
Милвоки е првиот тим во НБА што обезбеди плеј-оф
Милвоки Бакс стигна до 50. триумф оваа сезона во НБА лигата, откако победи со 104:116 на гости против Феникс санс. Со тоа стана и првиот тим кој обезбеди учество во плеј-офот. Јанис Адетокумбо постигна 36 поени и влезе во листата на кошаркари кои во кариерата уфрлиле преку 16.000 поени.
Лос Анџелес Лејкерс беа шутерски расположени во победата над Њу Орлеанс Пеликанс од 123:108. Тие во првото полувреме погодија дури 15 тројки од 27 обиди и поставија нов клупски рекорд. Ентони Дејвис со 35 поени и 17 скокови беше предводник на тимот, а Малик Бисли постигна 24 поени. Тој имаше дури седум „тројки“ во првото полувреме.
Најдобриот тим во Западната конференција, Денвер нагетс, доживеа пораз (110:125) од Торонто репторс. Никола Јокиќ го заврши мечот со 28 поени, а Нагетс уште еднаш одиграа слабо во одбраната, со оглед дека на трет меч по ред примија над 120 кошеви.
Резултати, НБА: Шарлот – Кливленд – 104:120, Вашингтон – Детроит – 117:97, Торонто – Денвер – 125:110, Оклахома Сити – Бруклин – 121:107, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс – 108:123, Сан Антонио – Орландо – 132:114, Феникс – Милвоки – 104:116, Портланд – Њујорк – 107:123.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

