Свет
Британија: Русите би можеле да ги заострат патните ограничувања за своите службеници и да ги спречат да бегаат

Руската влада, најверојатно, ќе воведе сè построги ограничувања за патување на руските службеници, објави британското Министерство за одбрана во својот извештај за ситуацијата во Украина. Постои реална можност „да се заострат патните ограничувања за зголемен број вработени во јавниот сектор“, најавуваат оттаму.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 15 March 2023
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/BxlPSchzOy
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/FftfJs4bJP
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 15, 2023
„Мерките, најверојатно, се дизајнирани да го спречат бегството или пребегнувањето на сè понезадоволни службеници“, се додава. Ограничувањата за патување за владините службеници, пишуваат аналитичарите, веќе беа во сила за време на советската ера и беа заострени по анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.
Мерките беа продолжени по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. „Некои функционери можеби мораа да ѝ ги предадат своите пасоши на Федералната служба за безбедност“, се вели во извештајот. На оние во внатрешниот круг на Кремљ им е „забрането секое меѓународно слободно патување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.