Спорт
Орбан со хет-трик за три минути, Гент први четврт-финалисти на Конференциската лига

Младиот нигериски напаѓач, Гифт Емануел Орбан постигна чудесен хет-трик за само три минути, за да ги предводи Гент до зачудувачка 1:4 победа на гости кај Башакшехир со која белгискиот клуб стана првиот четврт-финалист во Конференциската Лига Европа на УЕФА.
По 1:1 ремито во Гент, се очекуваше турскиот клуб да биде фаворит во двомечот, но не сметаа на 20-годишниот Орбан, кој постигна три гола за само три минути – во 31., 32. и 34. минута од мечот. Иго Кујперс во 37. минута само го потврди триумфот на Гент, еден од најзачудувачките оваа сезона.
Аднан Јанузај, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, во 88. минута постигна утешителен гол за домашниот тим.
Gent forması giyen Gift Orban, Başakşehir karşısında 3 dakikada hat-trick yaptı #basaksehir pic.twitter.com/GD7w3Wzenx
— YasinDağlar (@YSN6969) March 15, 2023
Gift Emmanuel Orban with a hat-trick vs Başakşehir today. 7 goals in his last 2 games – 12 goals in 9 games since joining Gent.
The pick of the bunch from today: pic.twitter.com/C8Q0bgSQMp
— The Next Wave (@_TheNextWave_) March 15, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо покажа со прстот кон Гринвуд

Кристијано Роналдо продолжува да го обликува тимот според своите желби, а сега е пронајдено ново име кое би сакал да го види во тимот.
Според „Марка“, португалскиот фудбалер побарал од раководството на клубот да го доведе Мејсон Гринвуд.
Англискиот офанзивен играч се прероди и е најдобриот играч на Марсеј. Тој веќе имаше покани од Саудиска Арабија минатата сезона, но тогаш не сакаше да го промени средниот ред.
Не е лесно да останеш имун кога ќе те повика Кристијано Роналдо, иако медиумите тврдат дека Гринвуд не размислува за заминување, иако и Интер го има на својот радар.
Жоао Феликс неодамна пристигна во Ал Наср, а Роналдо сака по секоја цена да го освои првиот трофеј на Блискиот Исток.
Фото: ЕПА
Спорт
Штутгарт го изигра Атлетико – Мило на пат кон Саудиска Арабија

Францускиот фудбалер од редот за врска, Енцо Мило, долго време се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Енцо Мило беше виден на стадионот „Метрополитано“, иако неговото пристигнување беше одложено поради Штутгарт, кој одолговлекуваше со условите за плаќање.
Се испостави дека „Швабите“, намерно ги одолжиле преговорите со шпанскиот клуб, чекале сигнал од Саудиска Арабија.
Мило беше поврзуван и со Тотенхем, но на крајот победи најбогатиот.
Усен договор меѓу Ал Ахли и играчот за врска веќе постои, и сè уште не е познато колку би можел да изнесува целиот договор. Се споменуваше дека Атлетико морал да плати 23.000.000 евра, па се очекува дека приближно иста сума ќе уплати Ал Ахли в касата на Штутгарт.
Спорт
Баер го продолжи договорот со Шик

Баер Леверкузен ја продолжи соработката со 29-годишниот централен напаѓач и чешки репрезентативец Патрик Шик, а голгетерот висок 191 см се обврза да остане во редовите на популарните „фармацевти“ до 2030 година.
Шик помина пет сезони во овој тим и значително придонесе пред две сезони, кога Баер ја освои Бундеслигата и ја прекина децениската апсолутна доминација на Баерн во германскиот фудбал.
Вкупно, Шик одигра 121 натпревар во Бундеслигата и постигна 64 гола, а постигна и девет гола во 33 натпревари во европските натпреварувања.
Кариерата на Шик започна во Спарта од неговата родна Прага, каде што не играше, а својата прва можност ја доби во дресот на Бохемијанс, каде што беше позајмен во сезоната 2015/16.
Следеше италијанската епизода, една сезона во Сампдорија и две во Рома, потоа неговото прво искуство во Бундеслигата во Лајпциг, каде што постигна 10 гола на 22 натпревари во елитниот ранг на германскиот фудбал во сезоната 2019/20.
Кога станува збор за чешката репрезентација, Шик постигна 24 гола на 46 натпревари.