Македонија
„Тој доаѓа“ – ДУИ со најава за нова кампања
„Да! Тој доаѓа“, ова е новата, како што многумина коментираат, засега неофицијална кампања, почната во ДУИ.
Слоганот е споделен од членови и симпатизери на партијата.
Многумина ова го толкуваат и го поврзуваат со кампањата што деновиве се најавува од страна на членството на ДУИ, а се однесува на избор на прв премиер Албанец во Македонија.
Бујар Османи пред неколку дена најави дека набргу Албанец ќе биде премиер, со што потсети на договорот со СДСМ од деновите на последното коалирање, а тоа подоцна беше дообјаснето од Артан Груби.
Груби рече дека нема амбиции да го замени актуелниот премиер Димитар Ковачевски, туку дека изборот ќе го направи лидерот Али Ахмети.
Од огнената група, пак, најавија петиција за разрешување на Груби и на министрите во Владата од редовите на интегративците.
Првата кампања беше во пресрет на парламентарните избори во 2020 година. Тогаш ДУИ го лансира слоганот „Премиер Албанец, зошто да не?“
За локалните избори ДУИ настапи со зелената агенда како најава дека партијата се менува и дека во фокусот на интегративците е животната средина.
Сега, во пресрет на парламентарните избори, партијата на Али Ахмети најавува нова кампања „Тој доаѓа!“, а заднината е во темносина боја.
Од партијата не откриваат на што се однесува новиот проект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.




Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

