Регион
Експлозија во Загреб, оштетена куќа и два автомобила
Два автомобили и предниот дел од една куќа се оштетени во експлозија во областа Дубрава во Загреб, нема повредени, соопшти полицијата.
Експлозијата, како што соопшти загрепската полиција, се случила синоќа, околу еден часот по полноќ, кога на улицата Полјане била оштетена фасада на куќа и два паркирани автомобила.
„Оштетувањето, најверојатно, е од дејство на експлозивна направа. Повредени нема“, велат кусо од загрепската полиција, пренесува „Јутарњи лист“.
Повеќе детали ќе бидат познати по истрагата, која е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Регион
Работник за одржување базен уапсен поради смртта на момче на Златибор
Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор, каде што се удави момче (6).
Како што соопштија за „Танјуг“ во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.