Македонија
Мизрахи: Неспособноста на Владата да набави лекови за ретки болести не треба и не смее да се затскрива зад лагата
Неспособноста на Владата благовремено да набави лекови за ретки болести на граѓаните не треба и не смее да се затскрива зад лагата дека законите ја кочат набавката, истакна Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.
„Веднаш лекови во согласност со постојните закони!!! Владата бесрамно се обидува да печали на здравјето и животот на граѓаните. Законски измени во Законот за лековите и медицинските средства и во Законот за здравственото осигурување се направени единствено за системски грабеж, а пациентите повторно ќе останат без лекови. Ниту еден живот не смее да биде загубен поради неспособноста навремено да се набават лекови“, додава Мизрахи.
Ничија мајка, сестра, сопруга и деца, како што додава, не смее да плачат поради загубен живот, кој можел да биде спасен, но не е, поради криминал, недомаќинлак, неспособност и суета.
Оценува дека предлог-законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, иако Владата се обидува да го претстави како решение на проблемот со набавката на лекови за ретките болести, содржи само малверзации.
„Со законот Министерството за здравство склучува посебни договори со фармацевтски компании по претходна согласност од Владата. Најскандалозно во овој закон е тоа што цената по која ќе биде набавен лекот од производителот, ќе се третира како деловна тајна, што е во директна спротивставеност со Законот за јавните набавки. Ова значи дека фармацевтската компанија, која го набавила лекот, ќе може да го продава лекот многу поскапо отколку што го набавила, а притоа лицето што ќе го купи лекот нема да добие рефундација на средствата“, вели Мизрахи.
Ова, според неа, е класична злоупотреба на лицата со ретки болести и богатење на грбот на овие лица, кои единствено што бараат од државата е да го преживеат секој ден.
„Мои сограѓани, со овој закон сами ќе си го купите лекот по вртоглави цени и за тоа нема да добиете рефундација на средствата“, Владата не се грижи за вас, туку за само за посебните договори, од кои некој лично ќе печали“, истакнува Мизрахи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

