Регион
Украина бара од Сараево да воведе санкции за руски бизнисмен: „За една година регистрирал 15 компании во сопственост на Руси“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/p-2.jpg)
Украина бара од Сараево да воведе санкции за рускиот бизнисмен Игор Часник бидејќи тој управува со фирмите на олигарх близок до рускиот претседател Владимир Путин, пишува сараевскиот портал „Детектор“.
Се вели дека Часник е еден од неколкуте десетици Руси што регистрирале најмалку 30 компании во Сараево по почетокот на војната во Украина.
Како што пишува порталот, Часник ја основал компанијата во Сараево преку приватникот Кемал Муратовиќ, кој, како што се наведува, со години им нуди на странците во Босна и Херцеговина да основаат фирми и да добијат државјанство на БиХ за одредена цена.
Само во последната година, велат, регистрирал 15 фирми во сопственост на Руси, а минатата есен му помогнал на Часник да регистрира истоимена фирма со широк спектар на дејности.
Муратовиќ, пишува порталот, кој со години живеел во Руската Федерација, тврди дека не знаел кој е неговиот клиент, а Часник на руската државна телевизија го прикажувале како директор на проектите на најголемите компании за гас, додека официјалната веб-страницата на претседателот на Русија објави за посетата на Путин, каде што домаќин му бил Часник.
Поради неговата позиција во компанијата „Јамал ЛНГ“, Украина сега им предлага на другите земји да го санкционираат Часник со образложение дека приходите од гас ѝ помагаат на Русија да ја финансира инвазијата.
Во БиХ 70 компании се во сопственост на Руси
Во Босна и Херцеговина во моментот има 70 компании во сопственост на руски државјани. Дури 30 фирми се основани или купени во последните 12 месеци, а соговорниците на „Детектор“ велат дека една третина не може да работат бидејќи не може да отворат главна трансакциска сметка.
Некои, велат, го надминале овој проблем со купување веќе постојни фирми со отворени сметки.
Според „Детектор“, мнозински сопственик на „Јамал ЛНГ“ денес е „Новатек“ – еден од најголемите руски производители на гас, во кој Часник е еден од директорите.
„Детектор“ исто така пишува дека Часник сè уште не го почнал својот бизнис во Сараево, а неговиот посредник Муратовиќ вели дека го задржуваат банките, кои не сакаат да отворат сметка за него, како и за повеќето други руски граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Фото) Камбанаријата на Паг се помести од земјотресот во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-071752.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото задарско подрачје, а според досегашните информации нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18 часот и 43 минути, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата, а земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Далмација, Лика, па дури и во делови од Босна и Херцеговина.
Според информациите на директорот на Националниот парк Пакленица, епицентарот на земјотресот бил лоциран високо над планинарскиот дом Пакленица, на надморска височина од 1.600 метри, објавија хрватските медиуми.
Камбанаријата на Паг се помести поради земјотресот. Поради опасност од паѓање на делови од камбанаријата, просторот е ограден. Утрово се очекува детален увид на камбанаријата, како и дополнителни безбедносни мерки. Ден претходно на Паг се случи земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.
Регион
(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/f_36218834_1280.jpg)
Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот е регистриран со сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 18 часот и 43 минути, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата.
Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна Босна и Херцеговина.
„Регистриравме силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во следните неколку часа регистриравме три до четири послаби земјотреси, со магнитуди меѓу 1,7 и 2,9 степени“, изјави за ХРТ, сеизмологот Крешимир Кук.
Жителите од различни делови на округот Задар на социјалните мрежи опишаа како чувствувале силни потреси.
„Кафулето беше преполно и наеднаш имаше благ потрес, проследен со силен удар, како да експлодирала мина. Сите истрчавме надвор“, опиша еден жител.
„Се се тресеше. Најпрво се чувствуваше како минува нешто низ земјата, а потоа земјотресот траеше околу пет-шест секунди. Сите излегоа на улица. Ниту една тула не се сруши, па немаше поголема штета, но стравот беше голем“, додал друг жител.
ХРТ објави нова снимка од земјотресот снимена од надзорните камери во Стариград Пакленица.
Регион
(Видео) Вучиќ во „Тик ток“ предизвик: Решија од мене да направат мечка на панаѓур, ми ставија четири газирани пијалаци, а јас треба да погодувам
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-062035.jpg)
Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот профил на „Тик Ток“ објави хумористично видео.
Имено, тој одговорил на предизвик на оваа платформа во кој погодуваше каков газиран пијалак пие. Вучиќ на снимката пиеше четири различни газирани пијалаци (Кока-Кола, Кока-Кола Зеро, Пепси и Кокта).
Успеа да го погоди само вкусот на Кокта.
@jasamaleksandar Meni je sve ovo isto. Ako baš mora, dajte koka-kolu zero, za nas punačke. 😅 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Откако решија од мене да направат мечка на панаѓур, тука ми ставија четири газирани пијалаци. А сега треба да погодам која е Кока-Кола, која Пепси, која Кокта, а која Зеро“, рече Вучиќ, а потоа додаде:
„Цел живот пијам Зеро, сè ми е збркано“.