Европа
(Видео) Протести во Франција поради реформите на Макрон: „Ќе ја запалиме земјата, ќе блокираме патишта“

Француската полиција денеска употреби солзавец против демонстрантите на плоштадот Плас де ла Конкорд во Париз, каде се собраа околу 7.000 луѓе на протест против реформите на пензискиот систем.
Како што јави Ројтерс, демонстрантите фрлале со камења кон полицијата, која потоа интервенирала за да ги разбие групите учесници на протестот.
Impressionnant rassemblement à la #Concorde devant l'Assemblée nationale.
Vous ne disperserez pas les Français. Ils vous feront renoncer ou vous feront tomber.#MotiondeCensure #ReformeDesRetraites
— Clémence Guetté (@Clemence_Guette) March 16, 2023
Демонстрантите се собраа во знак на протест откако претходно денеска премиерката Елизабет Борн најави дека нејзината влада ќе ги спроведе пензиските реформи користејќи специјална уставна клаузула откако малцинската влада што таа ја предводи не ја доби потребната поддршка од опозициската Конзервативна Републиканска партија.
Многумина од демонстрантите имаат транспаренти и веат разни синдикални знамиња.
Еден од нив, 18-годишниот Бастијан кој даваше изјава за Би-Би-Си.
Тој вели дека верува оти одлуката на владата е „недемократска“ и рече дека ова е „последната капка“.
-Ќе ја запалиме државата… буквално. Патиштата ќе бидат блокирани, пругите ќе бидат блокирани… Се надевам дека вечерва нема да видиме немири, иако можеше и тоа да се случи, рече тој.
Илјадници демонстранти се собираат преку улицата пред Националното собрание. Локалниот телевизиски канал BFM прикажува толпи луѓе кои се собираат на познатиот плоштад, многу развиорени знамиња и транспаренти.
Меѓу нив се и некои политичари. Екстремно левичарски политичар изјави за БФМ дека законот „нема легитимитет“.
Тој ја опиша одлуката на Макрон да се повика на итни овластувања како „спектакуларен неуспех“.
Еве како парламентот скандираше и ја исмејуваше премиерката Елизабет Борн додека таа се повика на членот 49, став три од францускиот устав за да ги протурка реформите на Макрон без гласање.
#WATCH French MPs booed the PM and sang the French national anthem – La Marseillaise – as PM Élisabeth Borne spoke about the government's controversial pension reforms.
President Macron today has used special power to force through a pension bill without a vote.
Far-right… https://t.co/fBihH39HKs pic.twitter.com/6MVd19ZpFk
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) March 16, 2023
– Не можеме да ризикуваме да видиме пропаст од 175 часа собраниска дискусија. Не можеме да се коцкаме со иднината на нашите пензии. Неопходна е реформа – рече премиерот,пренесе Блиц.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „Со беспилотно летало уништивме моќен руски дрон во лет“

Украинските сили соборија руски повеќенаменски дрон Zala Kub со помош на беспилотно летало FPV, а снимката од акцијата беше споделена на социјалните мрежи од украинскиот волонтер Серхи Стерненко, пренесува „Милитарњи“.
„Таквото летало можеше да предизвика голема штета, па затоа е одлично што беше уништен во воздух“, рече Стерненко.
Zala Kub е дизајниран за прецизни удари на копнени цели – кога ќе ги открие, вертикално навлегува и исфрла експлозивен товар на горниот дел од возилото, каде што тенковите и оклопните возила се најранливи поради нивниот потенок оклопен слој.
Ова беспилотно летало е развиено од рускиот концерн „Калашников“, а првпат беше прикажано во 2019 година на меѓународната воена изложба IDEX во Обединетите Арапски Емирати.
Украина долго време користи беспилотни летала FPV како пресретнувачи за уништување руски летала. Ваквите дронови, во зависност од опремата, како дневни и термални камери, чинат меѓу 1.600 и 2.500 долари. Тие може да летаат со брзина до 160 километри на час, да имаат дострел до 35 километри и да останат во воздухот до еден час.
Европа
Судот ќе ја изрече пресудата за Депардје во мај

Кривичниот суд во Париз во четвртокот објави дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата за актерот Жерар Депардје за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм во 2021 година.
Француското Обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и глоба од 20.000 евра за Депардје, објави весникот „Ле Паризиен“ и другите медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со многубројни обвинувања за сексуално вознемирување во текот на годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутот, но негира дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против клиентот се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Европа
(Видео) Нереални снимки од протестот: Пикачу ги поддржа граѓаните во Турција

Надреално видео од Покемон кој наводно бега од полицијата за време на протестите во Турција стана вирална. Имено, некој облечен како Пикачу е снимен како бега од полицијата која брка демонстранти. Снимката наводно е направена во Анталија.
Виралното видео, кое нашироко се споделува на социјалните мрежи, се чини дека потекнува од турскиот фоторепортер Исмаил Коцероглу.
Исмаил во четвртокот објави видео на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како костимиран демонстрант бега со толпа граѓани.
Дали е автентична снимката на која Пикачу бега од полицијата не е потврдено.
Сепак, Исмаил продолжи да поставува видеа од овој маскиран демонстрант. Синоќа, тој повторно објави видео од Пикачу како шета низ улиците на Анталија, наведувајќи дека Пикачу „се приклучил на осмиот ден од демонстрациите“.