Забава
„Ватсап“ воведе опција што им олеснува на корисниците да напуштат здодевни групи
„Ватсап“ воведе нова функција, која им овозможува на корисниците тивко да напуштат групен разговор, без да бидат известени другите членови на групата.
Со ажурирање на апликацијата, само администраторот ќе добие известување за заминување на некој член од групата, а не и другите членови.
Оваа функција беше дочекана со ентузијазам кај голем број корисници, кои сега веќе не мора да се плашат дека некој ќе се налути или навреди ако напуштат одредена група.
„Ватсап“ е најголемата платформа за пораки во светот, со повеќе од две милијарди активни корисници месечно и трета најголема социјална платформа по „Фејсбук“ и „Јутјуб“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Крунисана нова мис на САД откога претходната победничка се откажа од победата
Првата второпласирана мис на САД за 2023 година, Савана Ганкиевич од Хаваи, стана новата победничка на натпреварот повеќе од една недела откога претходната мис поднесе оставка поради менталното здравје.
Ганкиевич, која води непрофитна организација, ќе ја држи титулата до следниот натпревар во август.
„Подготвена сум да имам позитивно влијание со оваа организација што ја сакам“, рече Ганкиевич за време на церемонијата на крунисувањето на Хаваите.
Забава
Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава
Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.
Фанг Киуан (36) е самопрогласен фанатик за пластична хирургија со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милион прегледи.
Фанг потрошила над 250.000 долари на разни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…
Неодамна поминала низ скенер на аеродром кога машината засвирела. Не ѝ било јасно што се случува додека не било утврдено дека има неколку туѓи предмети во главата, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.
„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду-кукла“.
Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите што ги објави на „Инстаграм“.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.
Забава
Отворен Канскиот филмски фестивал, Мерил Стрип доби почесна награда
Канскиот филмски фестивал официјално почна во вторникот вечерта кога познатите личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот Гранд театар „Лумиер“ за да ѝ оддадат почит на холивудската актерка Мерил Стрип, на која ѝ беше врачена почесната „Златна палма“.
На актерската екипа на француската комедија и на отворањето на фестивалот се придружи и годинешното жири предводено од режисерката Грета Гервиг.
Публиката со овации ја поздрави добитничката на почесното признание Мерил Стрип, а на сцената ја поздрави француската актерка Жилиет Бинош.
„Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во филмскиот свет“, рече Бинош. Стрип, чија долга листа на филмови ги вклучува Death Suits Her, Mamma Mia! и „Железната дама“, наведе многубројни луѓе на кои сакаше да им се заблагодари.