Контакт

Македонија

Софија смета дека им биле ограничени правата во Македонија кога имињата на бугарските клубови беа означени како провокација

Објавено пред

Како ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, бугарското МНР го интерпретира негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности во врска со именувањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.

dobivaj vesti na viber

Бугарското Министерството за надворешни работи коментира дека одлуките се во спротивност со заложбите што ги презема Скопје во областа на човековите права и обврската да обезбеди еднакви права и слободи за сите граѓани, вклучително и оние што се идентификуваат како Бугари.

„Според јавно достапните информации, Централниот регистар на Северна Македонија доставил 17.000 невладини организации на разгледување до Министерството за правда. Само бугарските здруженија ‘Иван Михаилов-Битолија’ и ‘Цар Борис Трети’ во Охрид добиле негативни решенија дека не може да ги користат имињата што ги избрале нивните основачи. Според нашето Министерство за надворешни работи, овој факт покажува дека набрзина донесените и без јавна расправа измени на Законот за здруженијата и фондациите кај нашиот југозападен сосед се направени со единствена цел да се избришат од Централниот регистар двете организации на Бугарите во Северна Македонија“, се наведува во реакцијата на бугарското МНР.

Претходно вчера, Комисијата за употреба на лични имиња во Македонија даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. Комисијата смета дека именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Централниот регистар соопшти дека го одбил барањето за одобрување на името на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Македонија

Европскиот суд на ревизори ја почна мисијата во земјата со средба со министерот Муртезани

Објавено пред

Министерот за европски прашања и национален координатор за ИПА (NIPAC), Орхан Муртезани, утрово оствари средба со претставниците на Европскиот суд на ревизори, Бертран Танги и Ерик Котларик, во рамки на нивната ревизорска мисија за успешноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите беше координацијата во транспортниот сектор во рамки на WBIF, како и поширокиот институционален и оперативен контекст за имплементација на проектите поддржани преку овој инструмент. Министерот Муртезани го истакна значењето на WBIF како стратешки механизам кој овозможува инвестирање во клучни сектори како што се транспортот, енергијата, животната средина, здравството и образованието, но и како алатка што ќе овозможи користење на средствата што ЕУ ќе ги додели по спроведувањето на реформите во рамки на Реформска агенда 2024-2027 и Инструментот за раст и реформи, известува Министерството за европски прашања.

Во разговорите беше потенцирана потребата од натамошно поедноставување на процедурите, зголемување на транспарентноста и јасноста во однос на улогите на меѓународните финансиски институции, како и зајакнување на капацитетите на НИПАК канцеларијата, особено во делот на мониторингот и координацијата. Исто така, беше посочено дека за успешно искористување на достапните средства до крајот на 2027 година, од суштинско значење ќе биде навремената подготвеност на проектите и нивното усогласување со реформските приоритети.

Министерот Муртезани ја потврди заложбата на Владата за ефективно управување со инвестициите поддржани од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан, кој е заедничка иницијатива на Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Тој потенцираше дека Северна Македонија останува конструктивен партнер во процесите на регионална соработка и европска интеграција, со посветеност кон создавање предвидлива и стратешка рамка за користење на фондовите од ЕУ.

Средбата со министерот за европски прашања и национален координатор за ИПА (NIPAC), Орхан Муртезани, е прва во низата состаноци што ревизорскиот тим ќе ги реализира неделава, со надлежните институции во текот на својата мисија во земјата, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова во Тирана на самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Тирана, Албанија каде што ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

dobivaj vesti na viber

Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема: „Поттикнување на стабилноста и просперитетот преку регионална соработка и интеграција во ЕУ“, како и на заедничката прес-конференција со албанскиот и со бугарскиот претседател, Бајрам Бегај и Румен Радев, во својство на претседатели на државите коишто се претходен, актуелен и иден претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Домаќин на Самитот е албанскиот претседател Бајрам Бегај. Покрај македонската претседателка Сиљановска-Давкова, предвидено е да учествуваат: претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар; претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ; претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу; претседавачката со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ; претседателот на Бугарија, Румен Радев; претседателот на Владата на Србија, Ѓуро Мацут, како и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Молдавија, Михаи Попсои.

На Самитот ќе учествуваат и министрите за надворешни работи: на Турција, Хакан Фидан, на Грција, Јоргос Герапетритис; на Романија, Емилиан Хоратиу Хурезеану; државниот секретар во Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, Фрањо Матушиќ; генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ и шефот на делегацијата на ЕУ во Тирана, Силвио Гонзато.

Во рамки на работната посета на Албанија, Сиљановска-Давкова во Тирана ќе оствари средба со претставници на македонското национално малцинство во Албанија, на Македонската алијанса за европска интеграција, на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, како и со македонски дипломати и професори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за најуспешните спортисти

Објавено пред

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски извести дека и оваа година продолжуваат со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување, како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот.

dobivaj vesti na viber

„Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во Извидничкиот Центар во Охрид.

Се работи за прваците за учебна 2024/2025 во:
ракомет – жени ООУ ,,Кузман Шапкарев”;
ракомет – мажи ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”;
кошарка ООУ ,,Кузман Ј. Питу”;
одбојка ООУ ,,Партенија Зографски”
фудбал ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”

Спортот ги подобрува физичкото и менталното здравје на децата, но создава и другарства, дисциплина и тимски дух. Со обезбедување бесплатно летување не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата.

Ова е дел од нашата стратегија за поддршка на младите и како општина ќе продолжиме со мерки што ќе овозможат уште поголема афирмација на спортот и негов развој во нашите училишта“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негираше дека разгледува закон за повлекување на Техеран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННП) како...

Свет59 минути

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија2 часа

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија3 часа

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија3 часа

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет3 часа

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...

Свет4 часа

Клучното прашање е каде Иран скрил 400 килограми збогатен ураниум, вели експерт

По израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, поранешниот заменик-генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Оли Хејнонен,...

Свет4 часа

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби...

Свет4 часа

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа набргу“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет5 часа

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански...

Свет5 часа

Иранските медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...

Свет5 часа

Израел: Го нападнавме седиштето на елитната единица на Иранската гарда во Техеран

Израелската војска објави дека нејзините борбени авиони извршиле напад врз седиштето на Кудс силите во Техеран, тврдејќи дека таму се...

Свет6 часа

Иран: Не сакаме да преговараме за прекин на огнот додека сме под израелски напади

Иран им соопшти на посредниците Катар и Оман дека не е отворен за преговори за прекин на огнот додека е...

Свет6 часа

(Видео) Четворица мртви, десетици повредени во ракетните напади врз Израел во текот на ноќта

Четири лица – две жени и двајца мажи – беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите...

Свет6 часа

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин да биде посредник во мирот меѓу Иран и Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран како што...

Свет6 часа

(Видео) Иранците масовно бегаат од Техеран: „Ова не е моја војна“

По израелските напади врз Техеран вчера, многу жители се обидуваат да избегаат од градот и да побараат засолниште во пооддалечени...

Свет16 часа

Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да...

Свет19 часа

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и...

Македонија20 часа

Алиу: Aко влезете во чекална на Онкологија тоа личи на се, само не на Клиника која треба да која треба да лекува такви пациенти

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава,...

Свет21 час

Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС...