Свет
Пет лица починаа од мистериозна болест: експертите со задача да откријат за што се работи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/merlin_174466095_d36cc27e-417c-4175-942e-eb0733da5c6b-mobileMasterAt3x.jpg)
Најмалку пет лица починаа во северозападна Танзанија од неидентификувана болест, соопштија властите.
Досега се пријавени седум случаи во регионот Кагера, а властите испратија тим од лекари да ја дијагностицираат болеста.
Здравствените власти во таа источноафриканска земја ја опишаа болеста како чудна, јавува Би-би-си.
Нејзините симптоми вклучуваат треска, главоболки, замор и крвавење од носот, според главниот медицински офицер на владата, Тумаини Нагу.
„Владата формира регионален тим од професионалци за да ја истражи оваа непозната болест“, рече професорот Нагу во четвртокот навечер.
Таа ги замоли жителите во областа да останат смирени и да избегнуваат контакт со заразени луѓе.
Во јули минатата година беа пријавени повеќе од 20 случаи со слични симптоми во јужниот регион Линди. Три лица починаа од епидемијата.
Истрагите подоцна ја идентификуваа болеста како лептоспироза, позната и како Вајлова болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) На протестите во Кенија полусестрата на Обама меѓу демонстрантите погодени со солзавец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/vvv.jpg)
Кениската активистка Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, била меѓу демонстрантите кои беа погодени со солзавец пред зградата на парламентот во Најроби.
Според странските медиуми, покрај солзавец, полицијата пукала и врз демонстрантите кои се обиделе да упаднат во зградата на парламентот, а се јавува и дека загинале најмалку десет демонстранти. Десетици луѓе беа повредени, а делови од зградата на парламентот беа опожарени додека пратениците го гласаа законот за зголемување на даноците.
.@LarryMadowo is live on scene as protests over a controversial financial bill escalate in the Kenyan capital of Nairobi.
He’s been speaking to protesters on the ground, including Auma Obama – Barack Obama’s sister: pic.twitter.com/12TOW2iR7e
— CNN International PR (@cnnipr) June 25, 2024
Законот сè уште треба да го одобри претседателот Вилијам Руто.
Свет
Убиени 10 членови на семејството на лидерот на Хамас: Израелските сили извршија воздушен напад врз неговата семејна куќа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/dfdszgg.jpg)
Израелските сили извршија воздушен напад врз семејната куќа на лидерот на Хамас.
Членовите на семејството на Исмаил Ханије, лидерот на Хамас, беа убиени за време на израелски воздушен напад врз нивниот дом во западниот град Газа, пишува The Times of Israel. Според извештаите, најмалку 10 членови на неговото семејство биле убиени, меѓу кои и неговата сестра.
Лидерот на Хамас ги загуби своите три сина во израелски напад врз нивниот семеен автомобил во кампот Шати на 10 април.
Потврдувајќи го нападот врз семејството Ханије и бројот на загинати, Хамас објави дека ја смета администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одговорна за продолжување на војната за „истребување“ против палестинскиот народ во Појасот Газа, пренесува Ал Џезира.
За време на израелскиот воздушен напад, беа погодени и две училишта кои се користеа како засолништа во населбата Ал-Дарај, во источниот дел на градот Газа, како и бегалски камп, при што загинаа неколку луѓе. Власите се уште не ја потврдуваат точната бројка на загинати и повредени.
Регион
(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/rtetsyr.jpg)
Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери.
View this post on Instagram
На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места.
Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез. Нема жртви.