Македонија
Ѓорѓиевски: Основните училишта во Кисела Вода ќе добијат соларни панели
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес присуствуваше на патрониот празник на ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево. Положи цвеќе пред бистата на големиот херој по кој е именувано училиштето во кое и тој ги минал училишните денови и го честиташе го патронатот на сите кои се дел од неговата приказна. Пред присутните проговори за инвестициите кои Општина Кисела Вода ги спроведува во насока на унпредување на образовниот процес. Назначи дека минатата година во ООУ “Кузман Шапкарев” беше изградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост, а инвестицискиот процес оваа година ќе биде дополнително засилен. Основните училишта низ општина Кисела Вода, ќе добијат соларни панели, како одговорно и домаќинско решение за снабдување со електрична енергија најави градоначаникот Ѓорѓиевски во своето излагање.
-Убаво е да се биде дел од една долга и успешна приказна, каква што е оваа, на училиштето “Кузман Шапкарев”. 52 години континуиран растеж и успеси, се причина за гордост на секој вработен, но и на секој ученик кој излегол од тука и зачекорил кон иднината. Моменти за паметење од ова училиште, носам и јас, како некогашен ученик и сокласник на многу од моите денешни пријатели. После повеќе од 20 години, го гледам “Кузман Шапкарев” со истата голема љубов, но денес, од позиција на човек кој ја има одговорната задача да работи на решавање на предизвиците поврзани со функционирањето на ова училиште. Како градоначалник, со големо задоволство работам на благородната задача да ги унапредиме условите за 695-те ученици на кои тука им се одвива наставниот процес.
Минатата година ја затворивме со новоизградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост. Инвестицискиот континуитет го продолжуваме со несмалена динамика и во периодот што е пред нас. Сакам да најавам дека“Кузман Шапкарев” е едно од основните училишта во општина Кисела Вода за кое планираме изградба на фотоволтаична централа со соларни панели.
Во услови на енормно зголемени цени на електричната енергија кои секојдневно растат, овој зафат претставува одговорно и домаќинско решение за снабдувањето со електрична енергија. Преку искористување на сончевата енергија, на еколошки начин ќе ги задоволиме потребите за електрична енергија на училиштето, а ова ќе биде и добар практичен пример за сите ученици за тоа како со енергетска ефикасност се штедат енергија и финасиски средства. За реализација на овој голем зафат сме во фаза на аплицирање за обезбедување на средства од Бирото за регионален развој преку Скопскиот плански регион и се надевам дека тие ќе ги препознаат нашите заложби и позитивно ќе одговорат на барањето кое ќе овозможи поевтино и еколошко снабдување на училиштата во нашата општина.
Уште еднаш, сакам да упатам честитки по повод патрониот празник на сите ученици, наставници, на сите вработени, впрочем на сите кои се дел од страниците на ова училиште. Се надевам дека заеднички ќе испишеме и нови, со уште поуспешна содржина на која сите ќе се гордееме, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

