Свет
Поранешен советник на Путин: Хашкиот трибунал е глупав

Сергеј Марков, поранешен советник и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, ја коментираше хашката потерница за апсење на Путин поради, како што соопшти Меѓународниот кривичен суд, илегалната депортација на деца од Украина.
„Меѓународниот кривичен суд е неодговорен и глупав“, рече Марков. „Политиката на руската влада е да ги спасува децата, а не да ги краде децата“, додаде тој.
Марков тврди дека децата не биле депортирани, туку се преселиле внатре во Русија бидејќи Украина е дел од руска територија.
„На родителите им е дозволено да ги посетуваат своите деца секоја недела“, додаде тој.
Тој рече дека очекува повеќе обвинувања од судот во Хаг „бидејќи е под целосна контрола на Европската унија, која ќе продолжи да шири лажни вести“.
Инаку, поранешниот советник на Путин го обвини Киев за воени злосторства без притоа да обезбеди никакви докази за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.