Спорт
Тре Јанг им пресуди на шампионите

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс со резултат 127:119.
Треј Јанг беше најефикасен во победничкиот тим со 25 поени и 12 асистенции. Џон Колинс имаше 22, Оника Оконгву 19. Деандре Хантер и Богдан Богдановиќ постигнаа по 14 поени. Србинот на овој начин го прослави новиот договор со Хокс. За четири сезони тој ќе доби 68 милиони долари.
Кај противникот се истакна Стеф Кари со 31 поен, Донте Дивиченцо и Кевон Луни постигнаа по 18 поени, а Клеј Томпсон имаше 15 поени и 11 скока.
Ова е 10. последователен пораз на Голден Стејт на гости и моментално се седми на Западот со 36 победи и 35 порази. Атланта е осма на втората конференција со 35 победи и порази.
Шарлот Хорнетс – Филаделфија 82:121
Атланта Хокс – Голден Стејт Вориорс 127:119
Кливленд Кавалирс – Вашингтон Визардс 139:131
Хјустон Рокетс – Њу Орлеанс Пеликанс 114:112
Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис 120:126
Портланд Трејл Блејзерс – Бостон Селтикс 112:126
Лос Анџелес Лејкерс – Далас Маверикс 110:111
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе се договори со Арсенал, Асенсио кај Мурињо

Еберчи Езе постигна договор со Арсенал за личните услови, сега сè што останува е клубовите да постигнат договор.
Според англиските медиуми, челниците на Кристал Палас за одличниот офанзивен играч од средниот ред побарале 60 милиони фунти.
„Топџиите“ се согласиле да ја платата оваа сума и се очекува договорот да биде завршен најдоцна до утре.
Езе е еден од најзаслужните играчи за освојувањето на ФА Купот од страна на Кристал Палас. Минатата сезона одигра 43 натпревари, постигна 14 гола и забележа 11 асистенции.
Марко Асенсио постигна договор со Фенербахче околу платата. Турскиот вицешампион сака да го доведе на едногодишна позајмица, а потоа да го откупи договорот, додека челниците на ПСЖ сакаат да го продадат.
Шпанскиот репрезентативец доаѓа на инсистирање на Жозе Мурињо, со кого имаше можност да работи во Реал Мадрид.
Анесио одигра 13 натпревари за Астон Вила, каде што беше на позајмица во вториот дел од сезоната, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.
Фото/ EPA-EFE/DANIEL HAMBURY
Спорт
Капитенот на Торино го засили Милан

Италијанскиот фудбалер Самуеле Ричи (23) е нов играч на Милан, објави клубот.
Ричи потпиша договор со Милан до 30 јуни 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број четири во својот нов клуб.
Италијанскиот фудбалер игра во средината на теренот, а во последните три години играше за Торино.
Новиот фудбалер на Милан одигра десет натпревари за италијанската репрезентација.
Милан минатата сезона заврши на осмото место во Серија А и не се квалификуваше за европските натпреварувања.
Foto/ EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI
Спорт
Ливерпул ќе го повлече бројот 20

Фудбалскиот клуб Ливерпул е завиен во црно, по смртта на португалскиот напаѓач Диого Жота.
Заедно со својот брат Андре, тој излета од патот со автомобил, кој се запали и двајцата ги загубија животите.
Голема трагедија го погоди светскиот фудбал, а неговиот клуб Ливерпул одлучи да постави преседан.
На „Енфилд“ ќе го повлечат дресот со број 20, кој го носеше трагично починатиот фудбалер и во клубот и во репрезентацијата.
Дресот со број 20 ќе стане првиот дрес што Ливерпул ќе го повлече во својата историја.
„Бројот 20 со право ќе биде пензиониран. Она што за жал се покажа како негов последен поглед кон фудбалот му ја донесе титулата во Премиер лигата и Лигата на нации на УЕФА. Бројот 20 со право ќе биде овековечен за неговиот придонес во шампионската кампања на Ливерпул во сезоната 2024/25 и 20-та титула во историјата на клубот, со неговиот потпис и гол пред „Копот“ што ја запечатија победата во дербито на Мерсисајд во април, постигнувајќи го последниот гол во животот“.
„Да ја дочекам оваа сезона со титулата што ја бркам со години, во најдобрата лига во светот – за мене, каде што сонував да играм од детството – е момент што ќе го носам во срцето засекогаш“, објави Ливерпул.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN