Црна хроника
Малолетна девојка од Шуто Оризари избегала од дома за да живее со малолетниот брат на нејзината другарка
Малолетна девојка од Шуто Оризари излегла од својот дом и повеќе не се вратила.
Откако родителите добиле порака дека таа нема да се врати дома бидејќи сакала да живее со малолетниот брат на нејзината другарка, веднаш го пријавиле случајот и по кратко време нивната ќерка била најдена.
Според информациите од МВР, вчера во 22.10 часот 37-годишна скопјанка пријавила дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила од домот на подрачјето на Шуто Оризари заедно со нејзината другарка.
Според пријавеното, родителите подоцна добиле порака дека ќерка им ќе остане да живее со малолетниот брат на другарката, во нивниот дом.
Откако била пронајдена, малолетничката кажала дека била во љубовна врска со малолетникот и имала сексуален однос со него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со возило се обидел да удри работници
Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.
Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривична пријава против сопственик и фирма од Делчево поради пожар со 30 гости во објектот
МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје, информира полицијата.
Според полицијата, неправилностите во изградбата и непочитувањето на безбедносните стандарди директно придонеле за ризикот од поголеми последици.
-Пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, предвидени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување, односно не обезбедиле проект за објектот, одобрение за градење од надлежниот државен орган и согласност на елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи и извршувале дејност без соодветна документација и без да биде евидентиран објектот во Агенцијата за катастар на недвижности, се наведува во соопштението.

