Спорт
ПСВ му изрече драконска забрана на хулиганот кој го нападна Марко Дмитровиќ
Хулиганот кој навива за ПСВ Ајндховен, а го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ на мечот против Севилја, доби жестока казна – 40 години забрана да влезе на стадионот.
Холандскиот клуб му изрече безмилосна казна на хулиганот кој направи голем скандал во Лига Европа откако го нападна Дмитровиќ среде натпревар.
Српскиот голман остана прибран и со еден потег го легна на земја, а потоа го предаде на обезбедувањето. Забраната за хулиганот се однесува за сите категории на натпревари на ПСВ Ајндховен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).
Спорт
(Видео) Алкараз на удар: „Се распаѓа, изгледа како 78-годишен старец“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше проблеми со многу повреди во текот на својата кратка кариера.
Последна во низата е повредата на подлактицата која го мачи оваа пролет и поради неа ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Рим.
На оваа тема се зборуваше и во подкастот „Super Moscato“ на добро познатиот RMC.
Водител на емисијата е поранешниот француски рагбист, денес актер и водител Винсент Москато, кој многу го критикуваше 21-годишниот Шпанец.
„Да не бидам досаден, добри супи се прават во стари тенџериња, па еве го Ѓоковиќ, со сите повреди типувам на Ѓоковиќ“, изјави Москато и додаде:
„Алкараз „се распаѓа“. Го боли подлактицата, изгледа како 78-годишен старец. На 20 години раката не ве боли многу. Го гледате ли Алкараз како наследник на Надал? Слушајте ме, ќе јадам стаорец ако се случи тоа“
Алкарас моментално е трет на АТП листата, а полуфиналето ќе го брани на Ролан Гарос.
Спорт
FourFourTwo: Пикси Стојковиќ е најлош од сите селектори на Евро 2024
Сезоната на клупскиот фудбал полека привршува, а стартот на Европското првенство во Германија е се поблиску. За точно 38 дена во Минхен ќе се одигра првиот натпревар на ЕП меѓу Германија и Шкотска.
Специјализираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ во пресрет на првенството објави список на селекторите на сите репрезентации кои според нивната проценка ги рангираше од најдобар до најлош. На првото место е Дидие Дешамп (Франција), а зад него се Лучијано Спалети (Италија) и Јулијан Нагелсман (Германија). Најлош од сите сите селектори според „FourFourTwo“ е Драган Стојковиќ.
Рангирање на сите екипи на Евро според „FourFourTwo“:
1. Дидие Дешамп (Франција)
2. Лучијано Спалети (Италија)
3. Јулијан Нагелсман (Германија)
4. Герет Саутгејт (Англија)
5. Златко Далиќ (Хрватска)
6. Роберто Мартинез (Португалија)
7. Доменико Тедеско (Белгија)
8. Луис де ла Фуенте (Шпанија)
9. Каспер Хјулманд (Данска)
10. Марко Роси (Унгарија)
11. Стив Кларк (Шкотска)
12. Роналд Куман (Холандија)
13. Силвињо (Албанија)
14. Винченцо Монтела (Турција)
15. Вили Сањол (Грузија)
16. Ралф Рангник (Австрија)
17. Франческо Калцона (Словачка)
18. Едвард Јорданеску (Романија)
19. Сергеј Ребров (Украина)
20. Матјаж Кек (Словенија)
21. Мурат Јакин (Швајцарија)
22. Михал Пробиерц (Полска)
23. Иван Хашек (Чешка)
24. Драган Стојковиќ (Србија)