Свет
(Видео) Путин на средбата со Шји се тресел и ја држел раката на столот, а со ногата удирал на подот
Рускиот претседател Владимир Путин изгледаше кревко додека го пофали својот драг пријател, кинескиот претседател Шји Џјинпинг, за време на состанокот во Москва.
„Дејли мејл“ пишува дека Путин се тресел и силно го стегал столчето. Тој рече дека е подготвен да разговара за кинескиот план за ставање крај на војната во Украина. Западот и Киев се сомневаат во вистинитоста на тоа тврдење и се обидуваат да ја откријат вистинската причина за помирливиот пристап на Шји.
The US is authorising another round of military aid for Ukraine, valued at $350 million, says US Secretary of State Antony Blinken.
🟠 LIVE coverage: https://t.co/3v45ap4PHh pic.twitter.com/R8NE07QM87
— Al Jazeera English (@AJEnglish) March 20, 2023
„Отсекогаш сме биле отворени за преговори“, му рекол Путин на Шји, кој дојде во Москва неколку дена откога Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател.
In a public show of support for Russian President Vladimir Putin, China’s President Xi Jinping arrived in Moscow Monday for a high-profile meeting with him. It also comes days after Putin was accused of war crimes by the International Criminal Court. pic.twitter.com/HhgLGlqNmo
— CBS Evening News (@CBSEveningNews) March 20, 2023
Долго време се шпекулира дека рускиот претседател боледува или од рак или од Паркинсонова болест. Исто така, се известува дека за време на разговорот со Шји тој нервозно удирал со левата нога на подот. Светските медиуми постојано пишуваа дека здравјето на Путин е видно влошено во последната година или повеќе, дека често се држи за маси и столови, ‘рчи и дека му се тресат рацете.
Chinese President Xi Jinping met with Russian counterpart Vladimir Putin in Moscow on Monday, in a show of support for Putin after his invasion of Ukraine.
Read more: https://t.co/hadkGEkYfz pic.twitter.com/pU7YwVEJHZ
— Newsweek (@Newsweek) March 20, 2023
Украинските разузнавачи тврдат дека Путин боледува од некоја тешка болест.
Посетата на Шји накратко политички го оживеа Путин. Експертите велат дека Путин ќе се обиде да го претстави доаѓањето на Шји како доказ дека Русија не е изолирана.
Кина не соопшти како точно ќе ја заврши војната во Украина, туку само објави мировен план, кој содржи 12 точки. Така, Пекинг предложи Западот да ги отстрани санкциите наметнати на Москва, да се почнат мировни преговори, што ќе резултираат со отстапување на дел од територијата на Украина на Русија, НАТО да ги оддалечи своите сили од својата источна граница и да се почне со обнова на Украина, во која се претпоставува дека една од главните улоги ќе ја имаат кинеските градежни компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француската агенција за храна: Електронските цигари носат ризици по здравјето
Француската агенција за храна, животна средина и здравје при работа (ANSES) денеска соопшти дека електронските цигари се поврзани со потенцијални среднорочни и долгорочни здравствени ризици, вклучувајќи кардиоваскуларни, респираторни и канцерогени последици, иако го признава нивниот потенцијал како привремена алатка за откажување од пушење.
По анализа на околу 3.000 научни студии и извештаи, ANSES заклучува дека ризиците по здравјето се поврзани со вдишување на токсични супстанции, присутни во течностите за е-цигари или создадени при нивното вдишување.
Според агенцијата, електронските цигари со никотин можат да предизвикаат кардиоваскуларни ефекти, како што е покачен крвен притисок, додека ризикот од респираторни и канцерогени ефекти постои и кај производите без никотин.
ANSES истакнува дека корисниците мора да бидат подобро информирани за здравствените ризици, а истовремено е потребно да се обесхрабрат непушачите и младите лица да почнуваат со употреба на електронски цигари.
Агенцијата заклучува дека овие производи можат да се сметаат за преодна опција во рамки на програми за откажување од пушење, но тој период треба да биде краток.
Според Барометарот за јавно здравје на Франција за 2024 година, околу три милиони луѓе во земјата користат електронски цигари.
Свет
Украина и Русија почнаа втор круг мировни преговори во Абу Даби
Украински и руски преговарачи денеска во Абу Даби почнаа втор круг преговори за завршување на војната, со посредство на САД.
Дводневните трилатерални средби следат по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Русија го искористила минатонеделниот „енергетски“ прекин на огнот — договорен со помош на САД — за да натрупа муниција, при што во вторникот нападнала со рекорден број балистички проектили.
„Во Абу Даби започна уште еден круг преговори. Преговарачкиот процес започна во трилатерален формат — Украина, САД и Русија“, соопшти на Телеграм главниот украински преговарач Рустем Умеров.
Тој додаде дека тимовите ќе се среќаваат и во одвоени групи за да разговараат за специфични теми, по што ќе следи заедничка средба за усогласување на ставовите.
Изминатата година, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабруваше и Киев и Москва да најдат компромис за ставање крај на четиригодишниот конфликт, кој започна со руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Но, двете страни остануваат на различни позиции околу клучните точки и покрај неколкуте рунди разговори со американски претставници.
Најчувствителни теми се: Барањето на Москва Киев да се откаже од територии кои сѐ уште ги контролира, судбината на нуклеарната централа Запорожје — најголемата во Европа — која се наоѓа на територија под руска окупација. Русија бара повлекување на украинските сили од целата источна област Доњецк, вклучително и утврдените градови кои претставуваат силни упоришта на украинската одбрана. Украина, пак, предлага конфликтот да се замрзне долж сегашната линија на фронтот и одбива какво било еднострано повлекување.
Свет
Повеќе од една третина од случаите на рак во светот можеле да се спречат, покажува нова анализа
Речиси 40 отсто од случаите на рак во светот во 2022 година биле поврзани со причини кои можеле да се спречат, според глобална анализа објавена во вторникот во списанието Nature Medicine.
Анализата е објавена во пресрет на Меѓународниот ден за борба против ракот, кој се одбележува на 4 февруари.
Истражувањето го водела Изабел Сориоматарам од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) во Лион, а утврдено е дека тутунот, алкохолот и инфекциите биле најчестите ризик-фактори.
„Околу 30 отсто од карциномите кај жените и 45 отсто кај мажите можеле да се избегнат“, покажува анализата.
Вкупно, од 18,7 милиони нови случаи на рак регистрирани на глобално ниво во 2022 година, околу седум милиони биле потенцијално спречливи, што претставува приближно 38 отсто од вкупниот број.
Истражувачите користеле глобални податоци за да ги поврзат новите случаи на рак со фактори на ризик за кои постои докажана причинско-последична поврзаност со болеста. Истражувањето ги вклучувало и однесувачките ризици како пушење, како и изложеност на еколошки и професионални ризици.
Во субсахарска Африка, 38 отсто од случаите на рак кај жените биле потенцијално спречливи, во споредба со околу 25 отсто во северна Африка и западна Азија. Во тие региони, инфекциите биле водечки спречливи причини.
Во Европа, САД, Канада и Австралија, тутунот бил најдоминантен ризик-фактор.
Коавторот на истражувањето, Андре Илбави од Светската здравствена организација (СЗО), изјавил дека овие наоди даваат прв глобален увид во уделот на случаите на рак кои може да се припишат на ризици што можат да се спречат. Тој истакнал дека разбирањето на регионалните модели може да им помогне на владите и на поединците да преземат насочени мерки за намалување на ризикот од рак.
Изабел Сориоматарам додала дека справувањето со причините кои можат да се спречат е еден од најефикасните начини за ограничување на растечкиот глобален товар од рак, за кој, според податоците на СЗО, се предвидува дека би можел да порасне за 50% до 2040 година, ако сегашните трендови продолжат.

