Македонија
Петровска од Брисел: Политиката на Македонија е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата
„Очекувам пораката за заедништво, силна соработка и меѓусебна поддршка во зачувувањето и реафирмирањето на глобалните и европски вредности – демократијата, владеењето на правото и одржувањето меѓународен поредок базиран на принципи и правила, силно да одекне кај секој од нас. Нема подобар начин да најдеме решенија за денешните безбедносни предизвици од тоа да бидеме заедно и здружени, особено имајќи предвид дека овие предизвици најчесто се од неконвенционална природа“, рече утринава министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава пред почетокот на првиот безбедносно-одбранбен форум „Шуман“, на кој учествува на покана на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
Петровска за форумот истакна дека е одлично место и начин да се создадат уште поблиски контакти и мрежа на фактори, и политички и стручни, кои со заеднички сили ќе може да најдат решенија на современите безбедносни предизвици.
На работната вечера, која му претходеше на форумот, со наслов „Свет кој се менува: справување со заедничките предизвици“, министерката Петровска имаше формално обраќање заедно со своите колеги, министрите за одбрана на Германија, Норвешка, Шведска и Руанда. Пред колегите министри за одбрана и учесниците на форумот, Петровска порача дека голем дел од заедничките предизвици денес не препознаваат државни и географски граници и дека ни е потребна заедничка акција да се одбраниме и да ги одвратиме овие активности пред тие да станат сериозна закана за нашите општества.
„Безбедносните предизвици со кои се соочуваме денес не се ограничени на конвенционални средства. Тие се комплексни и софистицирани, се појавуваат во разни форми, комбинирајќи и воени и невоени инструменти, кои се манифестираат во доменот на дигиталната технологија, сајбер-напади и ширење дезинформации. Ние мораме постојано да ги реафирмираме нашите заеднички вредности и интереси и да имаме искрена и постојана комуникација и координација“, рече министерката.
Петровска порача дека сајбе- нападите како дел од хибридните закани може да имаат негативно влијание врз безбедноста на граѓаните и функционалноста на општествата, а сериозен предизвик може да претставува и застојот во интеграциите на земјите и регионите зашто тоа може да доведе до економска стагнација, политичка нестабилност и општествена несигурност.
„Северна Македонија е земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, кој го има почнато пристапниот процес. Нашата заложба е силна, а нашата подготвеност да бидеме дел од европското семејство – видлива. Политиката на Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на Унијата и тоа ја покажува нашата посветеност на евроинтегративниот процес“, истакна министерката.
Соработката помеѓу нациите, рече Петровска, е најважна во промовирањето и задржувањето на вредностите, етиката и моралот, кој нè обединува и само со заедничко работење можеме да бидеме пример и да инспирираме позитивни промени во глобални рамки.
Првиот форум „Шуман“ се одржува со мотото „Заедно посилни во нестабилен свет“, а е организиран под покровителство на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. Целта на овој форум е да ја зацврсти соработката помеѓу релевантните глобални и регионалните актери во областа на безбедноста и одбраната и да биде форум на кој ќе се разговара за клучните безбедносни прашања и начините на зацврстување на меѓународниот мир и безбедност.
На форумот учествуваат високи претставници од 27-те земји членки на Унијата и 45 партнерски земји, вклучително и над 20 министри за одбрана, како и претставници на меѓународни и регионални организации, како Обединетите нации, НАТО, ОБСЕ, Африканската унија, АСЕАН, Советот за заливска соработка и Лигата на арапските држави. Дел од форумот се и голем број невладини организации, тинк-тенк организации и претставници на академската заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл
„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.
Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.
„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.
„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.
Македонија
МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

