Спорт
Неверојатен гол во Чиле

Голманот на чилеанскиот Кобресал, Леандро Ракена (35) постигна неверојатен гол против славниот Коло Коло.
Аргентинецот Ракена ја затресе мрежата на чилеанскиот гигант со удар буквално од сопствениот шеснаесетник, речиси од сопствениот гол.
Голманот на Коло Коло, Брајан Кортес, погрешно го процени летот на топката што се одби пред него и доби забрзување, па не успеа да ја запре со глава, а не можеше да реагира со раце бидејќи беше надвор од шеснаесетникот.
Кобресал го совлада Коло Коло со 3:0.
Ваков гол немало во Чиле од 1990 година.
Leandro Requena 🇦🇷 pasó por Ferro, Chicago y Talleres, entre otros equipos argentinos. Es arquero. Juega en Cobresal desde 2020. Nunca en su carrera había convertido un gol, hasta ayer. Le facturó a Colo Colo, con mucha complicidad de Brayan Cortés… pic.twitter.com/sYt0j7Yv24
— VarskySports (@VarskySports) March 19, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола: Халанд е пред Исак

Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека за него нема подобар напаѓач од Ерлинг Халанд. Менаџерот на Манчестер сити одговори на новинарско прашање да направи споредба меѓу Халанд и Александар Исак, новиот напаѓач на Ливерпул платен 145 милиони евра, откако Арне Слот рече дека Исак е најдобар на светот.
„Го ставам Халанд малку повисоко. Исак е исклучителен играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е на врвот“, рече Гвардиола.
Тој додаде дека Исак е достоен за сите пофалби, но и дека според него, дури ни Лионел Меси не може да се спореди со Норвежанецот.
„Исак е веројатно врвен играч штом го платиле толку многу. Некој друг би можел да ги именува Мбапе, Меси или Кристијано Роналдо, но јас не би го менувал Ерлинг за никого“, нагласи Гвардиола и ги изненади Англичаните бидејќи е познато колку каталонскиот стручњак го обожава Меси.
Норвежанецот пристигна во Сити во 2022 година од Борусија Дортмунд. Досега одигра 149 натпревари и постигна 127 гола во дресот на Сити. Оваа сезона во Премиер лигата продолжи во ист ритам, со три гола на три натпревари.
Покажа дека е во одлична форма во дресот на репрезентацијата. На квалификацискиот тест против Молдавија неодамна постигна дури пет гола и стана најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство.
Спорт
Дали некој плаќа за Дембеле да ја освои Златната топка?

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, одигра клучна улога во најуспешната сезона во клупската историја, во која „светците“ прв пат во историјата ја освоија Лигата на шампионите. Со 35 постигнати гола и 16 асистенции, тој беше движечката сила на тимот на Луис Енрике.
Благодарение на импресивната сезона, Дембеле се смета за еден од главните фаворити за освојување на „Златната топка“.
Малкумина би биле изненадени доколку на 22 септември во Париз, Дембеле не ја добие престижната награда.
Тинејџерската сензација Ламин Јамал и Мохамед Салах од Ливерпул се исто така во трката, но се чини дека некои Пи-ар агенции вложуваат дополнителен напор за да се осигурат дека Дембеле нема да остане во нивна сенка.
Сепак, автентичноста на е-поштата што беше објавена во јавноста, а која го фаворизира 28-годишниот Французин, сè уште не е потврдена.
Целата приказна ја започна Нил Гарднер, австралиски креатор на фудбалски содржини кого го следат повеќе од 120.000 луѓе на „X“. Тој тврди дека бил контактиран од неименувана агенција со предлог поврзан со кандидатурата на Дембеле.
Е-поштата сугерирала дека трена да објави три „внимателно изработени твитови неделно во текот на еден месец што би ги истакнале неговите перформанси, влијание и целокупниот аргумент за оваа награда“.
Сепак, автентичноста на оваа наводна кампања останува под знак прашалник, особено откако гласањето за најпрестижната индивидуална фудбалска награда заврши пред неколку недели.
Гарднер не го откри името на Пи-ар агенцијата или точното време кога ја добил понудата, но тврди дека ги одбил парите за да разоткрие можна корупција.
„Неодамна ми се обрати Пи-ар агенција да водам ПЛАТЕНА кампања во корист на кандидатурата на Дембеле за „Златната топка“. Не знам кој ја финансира, но мислам дека е апсолутно смешно и морав да ја подигнам свеста за тоа“, напиша тој во својата објава.
Свесен дека таквата објава може да му наштети на угледот, Гарднер ја бранеше својата одлука во коментарите. „Апсолутно сум свесен за последиците“, му одговори тој на еден критичар. „Ова беше УЖАСНА деловна одлука од моја страна, но погодете што? Не ми е гајле.“ Додаде: „Доволно сум привилегиран да бидам во позиција каде што можам, и сум одбил, илјадници долари. Тоа е тоа. Веќе живеам повеќе од добро.“
Foto/ EPA
Спорт
Објавата на Шенгун по победата над Грција предизвика бројни реакции

Објавата на најдобриот турски играч, Алперен Шенгун по пласманот на Турција во финалето на Европското првенство предизвика голема бура на социјалните мрежи.
Иако кошаркарот на Хјустон постигна најмалку поени на овој Евробаскет во полуфиналната победа против Грчла, тој даде огромен придонес за победата и пласманот на тимот на Ергин Атаман во финалето.
Сепак, повеќе од натпреварот, вниманието го привлече неговата контроверзна објава на социјалните мрежи по натпреварот.
Крилниот центар на Хјустн Рокетс објави серија фотографии и видеа од натпреварот против грчката репрезентација на Инстаграм, со коментар:
„Зарем не тие секогаш пријатен морскиот воздух?“
На прв поглед, безопасна реченица – но многумина ја протолкуваа како провокација со подлабок, историски контекст, алудирајќи на малоазиската катастрофа, која предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Ова го потврдува и фактот дека на оваа објава беа оставени повеќе од 15.000 коментари, а таа има 263.000 лајкови.
Станува збор за референца на крајот на грчко-турската војна што се случи по завршувањето на Првата светска војна (1919-1922) и пред сè на настаните во Измир во текот на последната година од конфликтот меѓу двете земји.
И покрај наредбата на Мустафа Кемал Ататурк дека ќе го казни со смрт секој турски војник што ќе го тероризира цивилното население, оние што беа на самото место наредбата ја игнорираа.
Пред сè, Насрудин Паша, кој имал цел да го протера христијанското население, што резултираше со масакр на грчкото население и палење на куќите во нивниот дел од градот.
Во панична евакуација, илјадници грчки војници и граѓани се упатија спасот до најблиското засолниште го барале преку морето. Голем број од нив се удавиле кога скокнале во морето, надевајќи се дека ќе пливаат на безбедно. .
Оттогаш, потекнува барем несоодветната шега на турските националисти дека Грците научиле да пливаат тој ден и дека ги карактеризираат тие луѓе како „добри пливачи“.
Иако сè уште непотврдено, на социјалните мрежи се објавува и дека турските коментатори, следејќи го „рецептот“ на Шенгун, дале слични коментари „ги удавиме“ во текот на последната четвртина од натпреварот, кој убедливо го доби Турција со 94:68.