Македонија
Да зборуваме за Б-витамините
Истоштеност, расеаност и едноставно да се функционира во некое расположение како „преживување“ за да може да се заврши уште една работна задача. Телото често дава сигнали дека нешто недостига, дека нешто е нарушено, но брзото темпо на живеење кое повторно ни го освои секојдневието, едноставно е добар изговор да не послушаме. Состојби на постоење кои на пример матичниот доктор не би ги игнорирал. И кога преморени и расеани ќе посетите доктор, тој се грижи и претпочита да го освежи пациентот со една болна инекција од неколку Б витамини, како на пример Ниацин (Б3), Пантотенска киселина (Б5), витамин Б1 (Тиамин), Битамин Б6 (Пиридоксин) и витамин Б12 (кобаламин). Овие комбинации се достапни и во аптеките и суплементите може да се набават без рецепт.
Добро избалансираната исхрана е еден од начините како да ги внесете овие витамини, бидејќи телото, иако му се неопходни, само не ги произведува. Но, при подолгото готвење на храната, брзата храна или консумацијата на алкохол се намалуваат и можностите телото да ги добие витамините кои се многу важни за метаболичките процеси. А, спојот на овие витамини, кои може да се внесат и во форма на таблетки, обезбедува поддршка на нервниот систем, но и на имунитетот, како и на општата енергетска состојба на телото.
Докторите ги препорачуваат кога пациентот се жали на слабост, главоболки или вртоглавици, а и кога имунитетот е нарушен. Всушност, подолготраен или постојан недостаток на Б комплекс може да доведе и до анемија, мускулна слабост, интестинални проблеми, оштетување на нервите, нарушување на видот и други состојби.
Оваа група на витамини се растворливи во вода и затоа откако ќе земат учество во различни метаболички процеси, вишокот витамини од телото се исфрла со течностите.
Комплексот Б витамини на Галеника, што на пазарот е присутен од 1955 година, е оптимална комбинација зад која стојат 68 години искуство, доверба и пред сẻ, докажан квалитет.
Секој од Б витамините кои се вклучени во комплексот имаат различна улога во телото.
Б1 или тиамин е есенцијален микронутриент што не се создава во телото, и како и останатите Б витамини му помага на телото да создаде енергија, а влијае и врз работата на нервниот систем, срцето и другите мускули.
Б2 или рибофлавин исто така помага во разградувањето на протеините, мастите и јаглехидратите и игра витална улога во снабдувањето на телото со енергија. Рибофлавин делува како антиоксиданс во телото.
Б3 или ниацин е добар за нервниот систем, циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. Исто така помага и во одржувањето на здрава кожа.
Б5 или пантотенска киселина е значаен за одржување на здрава кожа, влијае врз работата на нервниот систем и помага при стрес.
Б6 или пиридоксин помага при разградувањето на протеините и го одржува здравјето на нервниот систем.
Б12 или кобаламин влијае на апетитот и помага во превенцијата од анемија.
Сите Б витамини имаат единствена улога, но најчесто работат заедно, а честопати го занемаруваме нивното значење за правилен развој и процеси во телото.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

