Македонија
Фирма за печатење свидетелства се избира, Шаќири се надева дека учениците ќе ги добијат на време
Постапка за избор на фирма, која ќе ги печати свидетелствата – има, но дали учениците ќе ги добијат на време – нема конкретен одговор од министерот за образование, Јетон Шаќири. Тој посочи дека тоа е обврска на Бирото за развој на образованието. Министерот само посочи дека се надева оти учебниците нема да доцнат.
„За свидетелствата одговорноста е во Бирото за развој на образованието. Јас како министер имам побарано пред еден месец и веќе имаат почнато постапка за економски оператор. Се надевам дека ќе заврши навремено. Истото прашање треба да го поставите во Бирото за развој на образованието. Во врска со учебниците, постапките за трето одделение завршија. Имаме време да ги одобриме. Постапките за шесто одделение веднаш се пуштени на повик за автори. Веќе имаме одобрени учебници за повеќе одделенија, што претходната година беше процес на одобрување“, рече Шаќири.
Минатите две години учениците добиваат свидетелства во септември наместо во јуни, како што е пракса. На крајот од учебната година свидетелства добиваа само учениците на кои документот им беше потребен за префрлање од училиште во училиште или за запишување на средно или факултет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

