Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали и зошто борците повратници од Сирија и Ирак, доброволци во ИСИС и Ал каеда, не се на листата „Безбеден град“?
Оливер Спасовски бега од одговори кога и дали е извршен претрес и дали е одземен „калашников“ од куќниот пријател на Сашо Тасевски од Ласкарци, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Спасовски бега од одговор дали во МВР има регистрирано пиштол ‘глок“ од 9 мм на име од листата за проверки ‘Безбеден град’, а сега бега од одговори и дали и зошто борците повратници од Сирија и Ирак, доброволците во ИСИС и Ал каеда, не се на листата ‘Безбеден град’, вклучително и членови од повеќе познати криминални групи во Скопје?
Борците од ИСИС и Ал каеда се познати по суровоста, минале низ траумите, сведочеле или можеби извршувале ѕверства, а сега не се дел од листата на МВР од лица безбедносен интерес?
Дали Спасовски и МВР веруваат дека овие луѓе не би требало да бидат дел од безбедносниот интерес во Скопје? Дали можеби криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон, се непознати за полицијата, па нивни членови нема на листата ‘Безбеден град’“?, прашува Стоилковски.
Тој го обвини министерот Спасовски дека продолжува да бега од одговори и одговорност, но, како што рече, факт е дека Скопје и Македонија се дават во насилен криминал, факт е дека затвореници излегуваат кога сакаат, а брутални мафијашки ликвидации се случуваат на 300 метри од Владата.
„Сето тоа е резултат на фактот дека нема јасна лини, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

