Спорт
Ливерпул ќе испрати понуда за СМС
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп има желба, на крајот на сезоната да го ангажира фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Примарна цел на Клоп е фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, но англискиот репрезентативец е прескап за клубот од „Енфилд“.
Менаџерот на Ливерпул затоа ќе се обиде да ги убеди клупските челници да испратат понуда до Лацио за Милинковиќ-Савиќ.
Британските медиуми проценуваат дека овој трансфер би можел да го чини Ливерпул околу 50 милиони евра, иако првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито бара 100 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ е член на Лацио од 2015 година, а претходно настапуваше за Војводина и Генк. Српскиот фудбалер има договор со римскиот клуб до 30 јуни следната година.
„Трансфермаркт“ тврди дека Милинковиќ-Савиќ вреди околу 60 милиони евра, а за српскиот фудбалер интерес покажале Арсенал и Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Отказ доби човекот што го размени Лука Дончиќ
Нико Херисон повеќе не е генерален менаџер на Далас Маверикс.
Дека Херисон ќе добие отказ, вчера најави добро информираниот новинар Марк Штајн. Навивачите на Далас се израдуваа на оваа информација, Херисон е човекот кој решида го размени Лука Дончиќ.
Во февруари 2025 година, шокантни информации се проширија низ целиот свет, Далас Маверикс го разменија Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс во замена за пакет во кој се беше Ентони Дејвис.
Мавс, притиснати со повредите беа ужасни в вториот дел од минатата сезона, но имаа среќа и го добија правотот да први да бираат на драфтот. Се решија за генерацискиот талент Купер Флег.
Многу луѓе сè уште мислат дека Далас направи голема грешка што го пушти Дончиќ да си замине, затоа што Лука во моментов ги води Лејкерси до фантастичен почеток со 7 победи во нивните први девет натпревари, додека Маверикс се на дното на Западот со две победи и седум порази.
Далас Маверикс не ги распродадоа сите билети за првиот натпревар на домашен терен оваа сезона за прв пат од 2001 година.
Спорт
Спогдбено се разделија Спартак и Станковиќ
Српскиот стручњак Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на фудбалерите на Спартак, потврди клуб од Москва.
Во соопштението се наведува дека двете страни се разделиле по меѓусебна согласност и дека во моментот на разделбата. Спартак се наоѓа на шестото место во лигата „што не го задоволува раководството на клубот“.
„Им се заблагодаруваме на Дејан и на неговите помошници за нивните напори и им посакуваме многу среќа во кариерата“, се вели во соопштението на Спартак на социјалните мрежи.
Заминувањето на Станковиќ од руската престолнина се најавуваше во изминатите неколку недели, иако времето е малку неочекувано бидејќи тој забележа четири триумфи во последните пет натпревари.
Можеби последната капка беше неговиот јавен испад во разговор со претставник на медиумите, по триумфот над Ахмат во Грозни.
Клубот заминува без да освои трофеј.
За време на неговата тренерска кариера, тој ги водеше Црвена звезда, Сампдорија и Ференцварош, пред да пристигне во Москва минатата година.
Спорт
Оригиналниот му одговори на португалскиот Роналдо: Вели дека е најдобар на сите времиња? Не се согласувам
Интерсна дебата, меѓу оригиналниот и португалскиот Роналдо, го привлече вниманието на фудбалскиот свет.
Кристијано Роналдо неодамна беше гостин на Пирс Морган и во таа прилика даде изјава дека се смета себеси за најдобар играч на сите времиња.
Одговорот дојде од Луис Назарио да Лима Роналдо, популарно познат како „Ил Феномено“, кој не се согласува со Португалецот.
Бразилецот Роналдо, имено, верува дека Кристијано не е најдобриот на сите времиња, но дека влегува на листата Топ 10.
„Кристијано Роналдо вели дека е најдобар во историјата? Некои луѓе имаат многу самодоверба. Претпочитам другите да зборуваат за мене отколку јас да зборувам за себе. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата, но дали е најдобар? Не се согласувам. Но, го почитувам неговото мислење; тој е сигурно меѓу најдобрите во историјата и би рекол дека е меѓу првите десет“, рече Луис Назарио да Лима Роналдо.
Тој беше најдобар играч во светот три пати и ги освои сите можни клупски и репрезентативни трофеи.
Кристијано Роналдо ја освои Златната топка пет пати, а исто така ги освои сите можни трофеи во клубот, но сепак му недостасува најголемиот, трофејот наменет за победникот на Светското првенство.

