Македонија
Првпат Македонец ќе оценува напредок на друга држава: Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објави дека мониторинг-комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа го избрал за известител за Босна и Херцеговина.
„Тоа значи дека во следниот период ќе го следам прогресот на Босна и Херцеговина во делот на исполнување на обврските што оваа држава ги има преземано кон Советот на Европа, пред сè, во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и воспоставувањето функционална правна држава.
Ова е огромна чест за мене. Но, во исто време претставува признание за Македонија затоа што македонски пратеник, конечно, е во позиција да пишува извештаи и да известува за она што се случува во други држави, а не само Македонија да е под мониторинг и други да известуваат за Македонија.
Ова значи многу за Македонија затоа што значи многу за имиџот на државата, значи дека Македонија може и има политичари што може да ја претставуваат надвор од државата, а јас ќе се потрудам со целиот мој капацитет и со целиот мој авторитет да направиме добри работи за регионот, од кој дел секако е и Босна и Херцеговина“, вели Николоски.
Тој се надева дека државата ќе напредува и дека во Сараево, во Бања Лука, во Мостар и во другите градови ќе има напредок кон едно пофункционално владеење на правото, напредок кон една хармонизирана држава, напредок кон исполнување на обврските што ги има Босна и Херцеговина кон Советот на Европа и, како што рече, почитување на Дејтонскиот мировен договор и сите други одлуки што ги имаат донесено Советот на Европа, ЕУ и ОН за Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
До тепачката дошло поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи. За обид за убиство е осомничено лице кое во тепачката користело дрвена даска со која тешко повредил едно лице од спротивставениот табор, нанесувајќи му фрактура на черепот со крварење на мозокот. Друг осомничен нанел тешка телесна повреда – скршена долна вилица, удирајќи со тупаници еден од останатите учесници во инцидентот. Сите останати се осомничени за учество во тепачката, која се случила на 16 август.
За осомничениот за обид за убиство, ценејќи ги сите околности под кои тој ги извршил дејствијата и фактот дека станува збор за млада личност која тукушто наполнила 18 години, но кај која сепак постои ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото, јавниот обвинител предложи мерка куќен притвор. За останатите учесници во кривично-правниот настан предложени се мерки на претпазливост.
Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.