Контакт

Свет

Русија сериозно му се закани на Западот: Ќе одговориме ако испратите муниција со осиромашен ураниум

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи реагира на најавите дека Велика Британија може да ѝ достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниум.

dobivaj vesti na viber

„Москва нема да остане без одговор за намерите на Британија“, се вели во соопштението на МНР.

Тие се заканија со сериозни последици.

„Оваа одлука нема да остане без сериозни последици и за руско-британските билатерални односи и на меѓународно ниво, каде што првичната реакција на мултилатералните структури веќе укажува на целосно отфрлање на ваквите планови од страна на Лондон. Ние нема да ги оставиме таквите акции без одговор“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера, по разговорот со Ши Џјинпинг, ги коментира најавите за можна испорака на муниција со осиромашен ураниум во Украина.

Путин го предупреди Западот дека Русија ќе реагира доколку „колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента“.

„Денес се дозна дека Велика Британија преку заменик-шефот на Министерството за одбрана на земјата најавила не само испорака на тенкови во Украина туку и гранати со осиромашен ураниум. Се чини дека Западот навистина одлучил да се бори против Русија до последниот Украинец и не само со зборови туку и со дела“, рече Путин, пренесе „Телеграф.рс“.

Свет

Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД

Објавено пред

Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.

Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.

Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.

Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.

Прикажи повеќе...

Регион

„Ројтерс“: Нафтата за Србија заглави во Хрватска, американските санкции го блокираа танкерот на НИС

Објавено пред

Американските санкции воведени против Нафтната индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, ја спречиле клучната испорака на сурова нафта, што може да доведе до запирање на единствената рафинерија во земјата доколку не се обезбедат нови залихи, пренесе „Ројтерс“, цитира „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Според неименувани извори запознаени со ситуацијата, Србија има само уште неколку дена пред рафинеријата на НИС во Панчево да мора да го прекине процесот на преработка на сурова нафта. Од компанијата не дале коментар.

Претседателот Александар Вучиќ уште на 9 октомври предупреди дека рафинеријата, која снабдува голем дел од пазарот со горива, вклучувајќи бензин и авио-гориво, ќе има тешкотии по 1 ноември. Сепак, Вучиќ порача дека складиштата се полни и дека постојните резерви ќе бидат доволни до крајот на годината.

„Нема да има недостиг од сурова нафта, нејзини деривати ниту енергетска криза“, изјави тој минатата недела.

Испораката запрена во Хрватска

Како што наведува „Ројтерс“, танкерот Maran Helios, кој превезувал околу еден милион барели казахстанска сурова нафта (KEBCO) за НИС, пристигнал во хрватското пристаниште Омишал на 9 октомври — токму на денот кога стапиле во сила санкциите. Меѓутоа, товарот никогаш не стигнал до Србија.

Хрватскиот оператор „Јанаф“ соопштил дека до 8 октомври ја испорачал целата нафта што се наоѓала во неговиот систем и била во сопственост на НИС, и дека по тој датум немало нови испораки за Србија.

Ова, според агенцијата, укажува дека казахстанската нафта купена од НИС воопшто не била примена во системот. „Ројтерс“ не успеал да потврди дали товарот, кој бил истоварен во вторникот по две недели чекање пред пристаништето, е складиран во Омишал или препродаден на друг купувач.

Можна енергетска криза во Србија

Блокираната пратка на сурова нафта би била доволна за работа на рафинеријата во Панчево околу десет дена. Иако моменталните резерви се речиси целосни, нивното намалување ќе ја направи Србија сè позависна од увоз.

Русија и Србија, како што наведува „Ројтерс“, се обидуваат да најдат решение со кое би се укинале американските санкции што стапија на сила по истекот на последното изземање.

„За мене тоа не е прашање. Рафинеријата мора да работи, а бензинските пумпи мора да останат оперативни“, изјавила за „Ројтерс“ Надежда Кокотовиќ, поранешна раководителка на канцеларијата на НИС за односи со Европската унија.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенечката влада во криза поради смртта на маж претепан пред локал

Објавено пред

Словенечката јавност е потресена поради трагичниот настан во Ново Место, каде што во петокот вечерта 48-годишен маж бил претепан до смрт пред угостителски објект на улицата Розманова.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации, жртвата дошла да го земе својот син, кој претходно ја повикал полицијата поради закани од група млади лица. Полицијата уапсила 21-годишен осомничен од општината Шентјернеј, а како што изјавил Матјаж Штерн од криминалистичката полиција, „поводот бил неколку изговорени зборови“. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки телесни повреди со смртна последица, дело за кое е предвидена казна од 5 до 15 години затвор, пренесува „Индекс“

Директорот на Полициската управа Ново Место, Игор Јуршич, изразил сочувство до семејството и најавил засилено полициско присуство во наредните денови.

„Не очекуваме ескалација, но сме подготвени на сите сценарија“, изјавил Јуршич, пренесува „Индекс“.

Оставки на двајца министри и кризен состанок

Премиерот Роберт Голоб свикал итен состанок на државниот врв, по кој министерката за правда Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднеле оставки. Тие навеле дека заминуваат поради објективна одговорност и желба да придонесат за смирување на напнатата ситуација.

„Секое насилство е неприфатливо. Преземам одговорност и поднесувам оставка“, изјавил Поклукар, додека Катиќ додала: „Секој мора да размисли за својата одговорност – јас тоа го направив“.

Голоб: Луѓето имаат право на безбедност

Премиерот Голоб изразил сочувство до семејството на жртвата и најавил нов пакет законски мерки за подобрување на безбедноста во земјата.

„Луѓето имаат право на сигурност, а тоа право вчера не беше исполнето. Виновникот ќе одговара, но не смееме болката да ја претвориме во омраза или одмазда“, изјавил Голоб, одбивајќи ги повиците на опозицијата за негова оставка.

Остра реакција на опозицијата

Опозициските партии ја обвинија владата за неефикасност. Од СДС порачаа дека премиерот Голоб и неговата коалиција „индиректно ја имаат оваа смрт на совест“, барајќи оставка на целата влада. Сличен став изразија и НСи, како и лидерот на Демократите, Анже Логар, кој изјави дека министерот за внатрешни работи „повеќе нема легитимитет“.

Повик за смиреност и осуда на насилството

Советот за национална безбедност предложил засилено полициско присуство во Ново Место. Државниот секретар Војко Волк истакнал дека „кога некој ќе изврши кривично дело, тоа е криминалец – без разлика дали е Ром или Словенец“.

Претседателката на државата Наташа Пирц Мусар свикала итна седница на парламентот и апелирала трагедијата да не се користи за политички поени.

„Ни треба трезвена и одговорна расправа“, рекла таа.

Реагирале и ромските здруженија – Јожек Хорват Муч, претседател на Советот на ромската заедница, го осудил убиството и повикал на соживот, додека Дарко Рудаш од Форумот на ромските советници нагласил дека „насилството нема националност“ и побарал поголема полициска видливост за сигурност на сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија4 часа

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија6 часа

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет10 часа

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет12 часа

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...

Свет13 часа

Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек

Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските...

Македонија13 часа

Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни...

Македонија1 ден

Почина Агим Јонуз

Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување. Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има...

Свет1 ден

Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување...

Македонија1 ден

На гласачките ливчиња ќе останат имињата на кандидатите од Могила и Македонски Брод кои се повлекоа пред вториот круг

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња...

Македонија1 ден

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...

Македонија1 ден

Три групи да внимаваат поради промената во зимско време, лекарите со совети за да се избегне нарушување на ритамот

Американската академија за медицина на спиење (ААСМ) со години се залага за прекин на поместувањето на часовникот, тврдејќи дека стандардното...

Македонија1 ден

МЗ: Кај клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

Во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија,...

Свет1 ден

Руски напад врз Киев

Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на...

Македонија1 ден

Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз...

Свет1 ден

Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД...

Македонија2 дена

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Ноќва почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад....