Спорт
Циркус во Далас – Маверикс бранеше погрешен кош, Дончиќ ги обвини судиите дека се поткупени
Во исклучително важен натпревар во битката за плеј-офот, шампионот на НБА, Голден стејт Вориорс, во Далас ги победи Маверикс со 127:125 и ги турна на работ на елиминација и од плеј-ин.
Неизвесниот натпревар го решаваа деталите, а една таков се случи се случи во финишот на третата четвртина, кога Вориорс ја земаа топката и постигнаа кош во ситуација пет на нула, додека играчите на Далас беа на другата страна на теренот.
Додека Кевон Луни забива на неодбранет кош, на спротивната страна од теренот, можете да ги видите кошаркарите на Далас како ги шират рацете, а еден од нив трча кон „десната“ половина од теренот и енергично протестира.
Тренерот Џејсон Кид се расправаше со судиите, но два поени беа доделени за Вориорс, а бидејќи натпреварот заврши со нивна победа од два разлика, јасно е дека тие не беа неважни.
„Судиите им ја доделија топката им припаѓа на играчите на Далас. Тоа го објави официјалниот спикер. Потоа имаше тајм-аут. За време на тајм-аутот судиите ја сменија одлуката, но не ни кажаа. Видоа дека сме се позициониравме како да е наша топка, а потоа тие само ја дадоа топката на Вориорс, без ништо да ни кажат. Лудо е што на крајот решаваќки беа тие два поени. Ова е можеби најлошата одлука на судијата во историјата на Требаше да ни кажат, а не го направија тоа“, објасни сопственикот на Мавс, Марк Кубан.
Umm, what?
The Mavericks were defending the wrong basket so the Warriors got an easy bucket 😂
🎥 @warriors pic.twitter.com/5cryMpNffa
— The Athletic (@TheAthletic) March 23, 2023
Тој исто така најави дека ќе испрати официјален протест до НБА поради оваа ситуација.
Сепак не е реално НБА да го поништи натпреварот, а овој пораз може да има сериозни последици за Мавс на крајно израмнетиот Запад. Вориорс сега се шестти, имаат две победи повеќе и подобар меѓусебен скор од Далас. Мавс се на деветтото место, имаат само победа поеќе од тимовите кои се на 11. и 12. место на табелата.
Покрај сериозната грешка на судиите, мечот во Далас го обележа и потегот на Лука Дончиќ, за кој Американците велат дека ќе добие сериозна казна.
На 1,7 секунди до крајот, при водство на Вориорс 125:122, Словенецот тргна да шутира од контакт со Дрејмонд Грин. Целта му беше да погоди и да изнуди слободно фрлање, за да може да го израмни резултатот. Но, тој не погоди, а освен што топката не влезе во кошот по одбивањето околу обрачот, не доби ниту фаул.
Дончиќ поради тоа многу се налутил и со прстите гестикулираше кон записничката маса како да брои пари. Алузијата е јасна, сакаше да каже дека судиите се поткупени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Клабо е недопирлив во скиатлон
Јоханес Клабо ја оправда фаворитската улога и го освои златниот медал во нордиско скијање, во трката скијатлон од 10 км + 10 км.
Како што се очекуваше, Норвежанецот чекаше до самиот крај, а потоа влезе во пеколен финиш. Во тој момент ниту еден од конкурентите не успеа да го следи темпото на Клабо. Норвежанецот во целта влезе со 46:11.0.
Ова беше шесто олимписко злато за Клабо во неговата кариера, а негов трет поединечен. Тој денес го потврди статусот на најдобар натпреварувач.
Во голема борба за второто место, Французинот Делог успеа да го надмине Норвежанецот Нингет, кој мораше да се задоволи со бронза. Русинот Короцељев заврши на четвртото место.
Foto/ EPA

