Македонија
Студентскиот отпор: Ќе ги искористиме сите механизми за остварување на целите
Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува во текот на годините, а особено изминативе месеци, реагираат од Студентскиот отпор.
Ги потсетуваат, како што велат, одговорните и надлежните дека немаат намера да се откажат сè до целосно исполнување на нивните барања:
– Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентскиот отпор, како и вклучување наши претставници во работните тела;
– Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);
– Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк во согласност со инфлацијата на 160 денари;
– Дигитализација и укинување на т.н. скриени трошоци на факултетите;
– Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;
– Прецизни рокови за почнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;
– Стипендирање на студентите на втор циклус студии;
– Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети;
– Прецизни рокови за почнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.
Повикуваат сите студенти да се придружат во нивната борба бидејќи, според нив, само со сплотеност може да се постигнат достоинствени услови за студирање на младите и заедно да се изгради иднината.
„Напоменуваме дека ќе дејствуваме во насока на остварување на нашите цели користејќи ги сите расположливи механизми и средства“, велат од Студентскиот отпор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

