Македонија
Американската амбасадорка: Ние инвестираме во антикорупцијата во Македонија, но напредокот не е доволен
Нема голем напредок во антикорупцијата во Северна Македонија и Западен Балкан, оцени американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелар, на денешниот форум за жени посветен на доброто владеење и антикорупцијата.
Во обраќањето таа рече дека САД имаат значителни инвестиции во борбата против корупцијата бидејќи тоа е во најдобар интерес, но повратот на нивната инвестиција досега не бил многу висок.
Според амбасадорката, потребно е повисоко ниво на учество на жените во донесувањето одлуки за помирна и постабилна демократија.
„Зголемувањето на политичката ангажираност на жените ја намалува можноста за конфликти. Кога велам учество, мислам на лидерство, не само да седи на масата, туку да биде на чело на неа“, рече амбасадорката.
Претходно неделава, Стејт департментот во годишниот извештај за напредокот на Македонија нотира владина корупција. Во извештајот се посочува дека Владата презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите што извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, но и во 2022 година постојат извештаи за функционери што подлежат на коруптивни дејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

