Спорт
Фудбалерите до 21 година убедливо поразени од Летонија
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 0:3 од Летонија во првиот натпревар од „Анталија куп 2023“. Селекцијата на Драган Канатларовски не го почна турнирот во Турција според желбите.
Летонците ги искористија грешките на Македонија во одбраната. Пред крајот на првото полувреме, Пузиревскис погоди за водство на противникот, а во вториот дел двоен стрелец за Летонија беше Рекис, во 69. и во 83.минута од мечот.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година на „Анталија куп 2023“ ќе одигра уште два натпревари, против Финска на 25. март и против Словачка на 28.март.
Македонија: Иван Николоски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Имран Фетаи, Виктор Крстевски, Мартин Талаков, Иван Николов, Хамза Рамани, Берат Калкан, Лука Станковски, Марио Илиевски;
Селектор: Драги Канатларовски;
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд го реши Борнмут
Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут.
„Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место.
Халанд ја отвори серијата во 17-та минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. Халанд со својот втор гол во 33-та минута им ја врати предноста на „граѓаните“.
Норвежанецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани оваа сезона, веќе постигна 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 гола во Премиер лигата.
Точка на мечот, со деби голот за Сити, стави О’Рајли во 60-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лече ја продолжи агонијата на Фиорентина
Фудбалерите на Фиорентина се во криза во каква што не биле, во поновата историја на клубот. По 10 кола, Фиорентина нема победа во Серија А, со само четири бода се наоѓа на претпоследноот место на табелата.
Попладнево на „Артемио Франки“, Фиорентина загуби од Лече (0:1). По овој пораз на време, прашање е само кога тренерот Сетфано Пиоли ќе добие отказ.
Стрелец на единствениот гол за гостите од југот беше Албанецот Медон Бериша во 23-та минута.
Фиорентина, ако е тоа утеха за сите во клубот, а тешко дека е така, не е единствената без победа оваа сезона: Пиза, Верона и Џенова се исто така во таа група.
Пиза одигра возбудливи 2:2 попладнево и покрај тоа што водеше со 2:0 со головите на Стефано Море (неговите први голови во Серија А).
Биковите, сепак, израмнија до полувремето преку Џовани Симеоне и Че Адамс.
Спорт
Синер го освои Париз и се врати на првото место
За прв пат во својата кариера, италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше на Мастерсот во Париз.
Во големото финале, Синер беше подобар од Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 7:6 (4).
Со овој триумф, Синер се врати на првото место на АТП листата и од понеделник ќе има предност од 250 поени пред Карлос Алкараз пред Финалниот Мастерс во Торино, кој започнува на 9 ноември.
Италијанецот го започна мечот фуриозно, со експресен брејк во првиот гем. Овој брејк одреди во кој правец ќе се движи сетот.
Имаше Синер шанси за брејк во петтиот и седмиот гем, од вториот сет, но Канаѓанецот успеа да се одбрани.
Синер не му дозволи ниту една шанса за брејк на 10-от тенисер во светот.
Во тај-брејкот, еден мини брејк беше доволен, Синер го направи во шестиот поен.
Јаник поведе против Феликс и во меѓусебните средби, по третиот последователен триумф сега е 3-2.
Foto/ EPA

