Спорт
Тројка за победа во последната секунда, Окоро меч-винер во Бруклин
Со тројката на Исак Окоро на секунда до крајот, Кливленд направи голем пресврт и успеа да победи во Бруклин со 116:114 во дерби мечот од Источната конференција на НБА лигата.
На само две минути до крајот, Бруклин Нетси имаа осум поени предност 112:104 и се чинеше дека сигурно чекорат кон победата. Сепак, Леверт комбинираа девет поени и Кливленд на 11 секунди до крајот се доближи на еден поен негатива.
Откако Мичел го промаши вториот шут за израмнување, Леверт беше тој што оствари офанзивен скок, му ја даде топката на Окоро кој погоди тројка за победа.
Лос Анџелес Клиперс одигра одлично второ полувреме и ја победи Оклахома со 127:105 Каваи Ленард постигна 32 поени, шест скока и шест асистенции, а го следеше Расел Вестбрук со 24 поени и седум асистенции.Шај Гилџегес-Александар ги предводеше гостите со 30 поени.
Орландо на домашен терен ги изненади Њујорк Никс со 111:106. Шестмина играчи на Меџик имаа двоцифрен учинок, Банкер постигна 21 поен. Грајмс и Квикли со 25 беа најефикасни кај Никс.
Њу Орлеанс ги одржа надежите за место во плејофот со убедливата победа над Шарлот од 115:96. Инграм оствари трипл дабл со 30 поени, 11 скока и 10 асистенции, Валанчунас забележа дабл-дабл со 20 поени и 19 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Официјално – Лучано Спалети го презеде Јувентус
Поранешниот селектор на Италија, Лучано Спалети, официјално стана нов тренер на Јувентус.
Харизматичниот тренер дополнително го збогати богатото портфолио кога станува збор за големи тренерски работни места.
Претходно ги водеше Интер, Рома, Наполи и италијанската репрезентација, а во Јувентус доаѓа откако Игор Тудор беше отпуштен бидејќи „Старата Дама“ не постигна гол во лигата повеќе од еден месец и имаше серија од осум натпревари без победа.
Спалети го постигна својот најголем успех како тренер на Наполи кога го освои Скудетото во 2023 година. Со Рома освои два италијански купа и еден италијански Суперкуп, а трофеи освои само со Зенит, со кого беше двократен шампион на Русија и еднаш го освои Купот и Ссуперкупот на таа земја.
Тој беше селектор на Италија од 1 септември 2023 година до 9 јуни 2025 година и беше елиминиран во осминафиналето на ЕУРО 2024.
Спорт
Талески си заминал од Вардар 1961
Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Талески, си замина од Вардар 1961.
Левиот бек, минатото лето се врати во Вардар 1961, но овој пат неговиот престој заврши по само неколку месеци.
Талески побарал од клубот договорот спогодбено да му биде раскинат и веќе се поздравил со соиграчите. Не бил задоволен од минутажата и улогата што ја има во тимот.
Левиот бек имал намера да остане во Македонија, но не успеал да се договорои со ГРК Охрид. Сега опција за Талески е преселба во Кувајт.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
На Никола Топиќ му е дијагностициран рак
Никола Топиќ, плејмејкерот на српската репрезентација, се лекува од рак на тестисите со хемотерапија.
Информацијата ја презентираше Сем Прести, генерален менаџер на Оклахома Сити Тандер.
Важно е што лекарите се „исклучително позитивни“ за закрепнувањето на 20-годишниот кошаркар.
На 6 октомври, Топиќ бил подложен на операција на тестисите, но до оваа изјава на Прести, причината за оваа хируршка процедура не беше позната. Во меѓувреме, Тандер го продолжи договорот со српскиот кошаркар.
Прести потврди дека интервенцијата е извршена во Хјустон.
„Онколозите се многу позитивни во врска со неговата ситуација“, рече Прести.
Прести рече дека ракот на тестисите е најлечивиот облик на рак кај мажите, но за Топиќ е препорачана хемотерапија.
„Топиќ не сакаше да ги објави овие информации сè додека не ги започна третманите, што и го направи. Тој е тука, тренира, вежба, во текот на целиот овој процес“, додаде Прести.
Во моментов, не е познато кога Топиќ би можел да се врати на теренот, а тимот го става на прво место неговото здравје.
Засега, третманот ќе трае четири до шест недели.
„Топиќ е навистина извонреден млад човек. Мислам дека сите го знаат тоа. Тој е зрел, смирен, издржлив. Има сè што е потребно за некој што се справува со ваква ситуација и ќе ја надмине“, додаде Прести.
Да ве потсетиме дека Топиќ беше драфтуван како 12-ти пик во 2024 година, но ја пропушти целата сезона поради повреда на коленото.

